Едукативната изложба „Патување низ Сончевиот систем“
Изложбата беше организирана по повод патрониот празник на училиштето, и беше една од многуте активности на географската секција при СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола. На едукативната изложба присуствуваа голем број на ученици, граѓани и медиуми, со што, на интерактивен начин им ги приближивме знаењата за Сончевиот систем на сите љубители на астрономијата.
Изложбата беше интерактивна и несекојдневна и беше изграден Сончев систем во намален размер од над 23 милијарди пати, со што, сите планети беа соодветно распоредени од Сонцето низ Широк сокак.