Мигранти
Проектот ,,Сите ние сме биле мигранти, зарем не?,, (We are all migrants, aren’t we?) се реализираше на Etwining платформата како дел од проектот Еразмс + , во текот на учебната 2019/2020 година. Нашето училиште во партнерство со средни училишта од Србија, Хрватска, Италија, Романија, Турција, Португалија и др. успешно пристапија кон актуелизација на миграцијата како општествена појава.
Проектот имаше за цел да ги поврзе и поттикне младите на истражувачка дејност т.е. да ги откријат причините за појавата на миграции врз основа на анализа на состојбата во современите општества во светот. Истражувајќи да дадат одговори за глобалните миграции во минатото и денес, но истовремено да ги согледаат и проблемите на современите миграциски трендови и како истите да се решат. Да развијат емпатија кон мигрантите денес, да станат свесни како миграцијата влијае врз индивидуалниот живот и дали е решние на егзистенцијалниот проблем. Проектот покрај тоа што овозможи развој на истражувачка дејност на младите, овозможи истите да се запознаат со различни култури, да соработуваат и комуницираат со млади од други земји користејќи современи ИКТ алатки.
Во проектот активно беа вклучени ученици од општествено-хуманистичко подрачје од III година под менторство на професорот по социологија Даница Таневска. За актиното учество и придонесот за успешно реализирање на проектот, бевме наградени со сертификати со Национална озната за квалитет и сертификат со Европска ознака за квалитет