Старословенски верувања

Во текот на учебната 2018/2019 година нашето училиште беше дел од проектот ,, ,,Наследство од старословенските верувања: Кој биле старите словени? Во што и како верувале? Кој се нивните наследници? Во што и како тие веруваат? Наследството од старите Словени и нивното влијание кај современите словенски народи,, кој се реализираше на Etwining платформата во партнерство со училишта од Србија, Босна и Херцговина и Чешка.
Главната цел на проектот беше да ги поврзе и поттикне младите/средношколци од партнерските училишта на  истражувачка дејност т.е да откријат дали старословенките народи и нивните веруваања имаат влијание на општествениот и културниот живот денес, кај народите кои се сметаат за нивни ,,наследници.

Проектот беше осмислен на таков начин што очекуваните резултати  овозможија развој како на предметните така и на меѓупредметни компетенции, поттикнување на креативност и сериозност во работењето. Проектот покрај тоа што овозможи развој на истражувачка дејност на младите, овозможув истите да се запознаат со различни култури, да соработуваат и комуницираат со млади од други земји користејќи современи ИКТ алатки.  

Во проектот беа вклучени ученици од општествено-хуманистичко подрачје од IV година под менторство на професорот по социологија Даница Таневска.

За успешното реализирање на проектот бевме наградени со сертификат со Национална ознака за квалитет.

Сертификати