СЈУ Рајдер

Традиционално учениците од нашето училиште неколку пати во текот на годината ги посетуваат старите лица згрижени во домот „Сју Рајдер“

Целта на овие посети е да се развие кај учениците чуството за грижа спрема постарите лица , чувството на емпатија и чувството за солидарност.

Времето кое го поминуваат заедно во домот со старите лица е секогаш исполнето со разни активности и дружење. Секогаш подготвени или со музичка изведба, со спремени пригодни подароци или одиграна претстава организирани по повод одбележување на значаен ден,  тие успеваат да ги израдуваат старите лица.

Галерија