Постигнувања на учениците за 2015-2016

На регионалниот натпревар по знаење од областа на Географијата, ученкот Петар Пејовски од II-1 клас го освои првото место, а ученичката Емилија Илиевска од I-1 клас го освои второто место и со тоа стекна право за учество на државен натпревар организиран од македонското Географско друштво-Скопје. На државниот натпревар во Скопје  организиран од страна на Народна Техника, ученичката Бојана Јовановска од I-1 клас учествуваше од областа на Климатологија со применета метеорологија со темата Ветрови и нивната енергетска ефикасност во РМ го освои второто место. Со учеството на државниот напревар по знаење организиран од Македонското  Географско друштво-во Скопје, ученичката Емилија Илиевска од I-1 клас освои втора награда, а ученикот Петар Пејовски од II-1 клас трета награда во кокуренција на сите гимназии на државно ниво.

Од областа на физиката на регионалниот натпревар во Охрид, одржан на 16.04.2015 учествуваа 13 ученици од I година, 6 ученици од II година, 8 ученици од III година и една ученичка од IV  година.Ученичката Ирина Шафкуловска освои второ место. На државниот натпревар по физика се пласираа и Ставревска Марија од III година и Петковска Татјана од IV  година. На државниот натпревар по физика одржан на 07.05.2016 година на ПМФ во Скопје учествуваа 4 ученици од III година и еден од  IV година. Ученичката Ирина Шафкуловска освои второ место.

На општинскиот натпревар по математика кој се одржа во месец јануари, постигнати се следните награди: од I година, ученичката Софија Петличкова го освои првото место, Елена Атанасовка и Емилија Илиевска второ, Леонида Лумбуровска и Викторија Костова трето место. Од III година, ученикот Кристијан Нонкуловски освои трето место. На регионалниот натпревар по математика кој што се одржа во месец февруари, учениците ги освоија следните награди: од I година, ученичките Софија Петличкова, Виктори Костова, Леонида Лумбуровска и ученикот Константин Бојчевски освоија второ место, додека Емилија Илиевска и Елена Атанасовска трето место. Учениците Ирина Шафкуловска и Стефан Костов од III година освоија прво место, Филип Јошевски и Кристијан Нонкуловски второ место. Од IV година,учениците Татјана Петковска и Горјан Поповски го освоија второто место, Христина Митревска трето место.На државниот натпревар по математика кој се одржа во месец март, постигнати се следните резултати: од I година, ученичките Леонида Лумбуровска, Емилија Илиевска и ученикот Константин Бојчевски го освоија третото месето. На натпреварот КЕНГУР кој се одржа на 21 април, 2016 година од нашето училиште учествуваа 98 ученици. Натпреварот беше успешно организиран и на истиот беа постигнати следниве резултати: од I година I награда 1 ученик,  II  награда  4  ученици, III награда 3 ученици. Од II година II  награда 1 ученик,  III  награда 2  ученици. Од III година, I награда 1 ученик, II  награда 3 ученици, III  награда 2 ученици. Од IV година II  награда 6 ученици, III  награда 1 ученици.

На XXIV Регионален натпревар по информатика, што се одржа во месец февруари во  Охрид зедоа учество учениците Дамјан Ѕалев и Стафан Костов од III  година освоија трета награда. Учениците Горјан Поповски, Стефан Костов, Дамјан Ѕалев и Стефан Табаковски учествуваа на XXVII Државен натпревар по информатика кој се одржа во месец март, постигнаа добри резултати , а ученикот Горјан Поповски освои втора награда. XX Македонска Олимпијада по Информатика се одржа во месец април каде ученикот  Горјан Поповски IV година освои бронзен медал. Горјан Поповски учествуваше и на квалификациите за учество на XXIV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ), 27.06.2016 – 02.07.2016, Никозија, Кипар. Натпреварот “Дабар 2015” се одржа во месец ноември, а нашето училиште успешно учествуваше на истиот. Оваа година натпреварот беше од промотивен карактер, а се очекува од наредната година да почне со натпреварувачки карактер. На натпреварот учествуваа 123 машки и 126 женски ученици од сите четири години на образование и освоија солидни поени.

На државниот натпревар по хемија кој се одржа во Скопје учествуваа осум ученици од кои ученичката од трета година Ивана Тодоровска го освои третото место. На регионалниот натпревар за наноматеријали зедоа учество ученичките Ана Гаштарова и Климентина Обедниковска од втора година и го освоија второто место.

На регионалниот и државниот натпревар по правопис и спелување на француски јазик 2015 година Петанк ( Petanque ) во Битола ( освоени се I, II и III место ).

Големиот број на награди, освоени места и признанија и во областа на спортот.

На  општинскиот  натпревар  во  пинг-понг машка и женска екипа, освоено е прво место во женската екипа. Исто така освоено е прво место шах-женска екипа. На општинскиот натпревар во фудбал-женски освоено е трето место,додека во натпреварот во голем фудбал освоени се второ место-женски и трето место-машки. Што се однесува до ракометот на општинско ниво освоени се прво место женски и второ место машката екипа, а на регионалниот(зонски) натпревар освоени е трето место за женската екипа. На општинскиот натпревар во кошарка освоени се прво место – женски и второ место – машки, а на регионалниот зонски натпревар освоено беше прво место за женската екипа.На гимназијадата која што оваа година се одржа во Куманово, нашата женска екипа освои трето место-кошарка. Што се однесува до натпреварите во одбојка освоени се:прво место одбојка женски и второ место за машката екипа. На регионалниот зонски натпревар во одбојка, женската екипа го освои првото место, додека на гимназијадата во Куманово, женската екипа го освои четвртото место. Училишната екипа одбојка – женски, по претходна покана од страна на Бугарскиот олимписки комитет, учествуваше на најголемиот спортски настан за средни училишта на Балканот Спартакијада 2016, во месец мај, во градот Варна – Бугарија. На државниот натпреварт во скијање освоени се следните места:скијање – велеслалом (машки)-  второ место, екипно   скијање – велеслалом  (женски)  – прво место. На есенскиот крос кој што се одржа во градскиот парк освоени се прво место женски и второ место машката екипа.

На манифестацијата на Сојузот на спортови-Битола ,,Избор на спортист на годината,, нашето училиште е прогласено за најдобро средно училиште и најуспешен училишен спортски клуб. Општина Битола и советот на општина Битола ја прогласи гимназијата за апсолутен шампион за 2015-2016 година, најдобро средно училиште, најуспешен училишен спортски клуб и најуспешен професор.
          Освоени места на Републичкиот натпревар по класични јазици-латински јазик, почетно изучување, гимназиска струка: Божиновски Стефан, 1-во место, Димовски Горазд, 2-ро место, Драгарска Катерина, 2-ро место, Мојсова Сара, 2-ро место. Старогрчки јазик, почетно изучување: Стојовски Виктор, 1-во место, Георгиевска Мартина, 2-ро место, Димовска Наталија, 3-то место. Освоени плакети на Меѓународниот натправар ELEX Vestibulum во организација на Euroclassica:. Божиновски Стефан – златна плакета, Стојовски Виктор – сребрена плакета,  Георгиевска Мартина – сребрена плакета. Драгарска Катерина – сребрена плакета, Стојковски Ѓорги – сребрена плакета