eTwinning
еТвининг (eTwinning) е виртуелна онлајн платформа, специјално дизајнирана за градинки, основни и средни училишта, која им овозможува на вработените да се поврзат со своите ученици и колеги од другите земји во Европа и да работат заедно на национални и европски проекти. Оваа платформа им дава на учесниците пристап до бесплатни ресурси и алатки за креирање на виртуелни проекти, како и за развивање на своите професионални вештини преку бесплатни онлајн курсеви.
Со eTвининг, наставниците, професорите и воспитувачите можат да работат со своите ученици и да креираат виртуелни проекти на различни теми, вклучувајќи ги култура, историја, наука, уметност, музика и многу други.
Преку овие проекти, учениците можат да се запознаат со различни култури и традиции, да учат нови јазици и да ги развиваат своите вештини во областа на дигиталните технологии.
Еден од најважните елементи на еТвининг е соработката меѓу наставниците, учениците, училиштата, родителите и локалните власти. Во еТвининг наставниците работат заедно и организираат активности за своите ученици. Тие имаат активна улога, комуницираат, истражуваат, донесуваат одлуки, се почитуваат едни со други и учат вештини од 21 век.
еТвининг (eTwinning) платформата во Република Македонија започна со работа во 2014, во рамка на програмата за е-учење и е кофинансиран од Еразмус+, eвропската програма за образование, обука, млади и спорт.