Академици и народни херои
Во текот на Втората светска војна во Гимназијата школувале голем број на млади револуционери, а подоцна и борци во Народно-ослободителната војна. Меѓу поранешните ученици на гимназијата кои биле прогласени за народни херои за ослободувањето на Југославија биле:
- Стив Наумов
- Мирче Ацев
- Кузман Јосифовски –Питу
- Страшо Пинџур
- Елпида Караманди
- Борка Талевски
Угледот и успесите на Гимназијата ги потврдува и фактот што од оваа Гимназија излегле познати и докажани во својата област личности, меѓу кои се издвојуваат и 18 Академици во МАНУ:
- Коле Чашуле,
- Владо Камбовски,
- Анте Поповски,
- ПетреМ.Андреевски,
- Ристо Лозановски
- Живко Попов
- Фанула Папазоглу
- Томе Бошевски
- Ѓорги Чупона
- Александар Христов
- Љубен Лапе
- Димче Коцо
- Кирил Миљовски
- Ѓорги Филиповски
- Петар Серафимов
- Михаил Петрушевски
- Георги Константиновски
- Владимир Костов