Здравствена и социјална заштита

Здравјето  не се однесува само на отсуство на болест, туку претставува еден поширок поим кој содржи повеќе поврзани и еднакво важни аспекти: телесно или физичко здравје , ментално здравје, социјално, лично и емоционално здравје.

Гимназијата води грижа за сите аспекти на здравјето на учениците и на тој начин  допринесува за позитивен раст и развој на личноста, зачувување и унапредување на менталното здравје како и емоционалната интелигенција, односно способност за препознавање, регулирање и контрола на сопствените емоции.

Редовно се спроведуваат превентивни систематски прегледи, вакцинација на учениците, крводарителски акции, противепидемиолошки мерки, одржување на хигиената во училиштето, училишниот двор, како и предавања за одржување на личната хигиена.

Во насока на здравствено воспитување на учениците, се реализираат голем број на активности, предавања, настани, работилници, посети на институции, соработка со лекари стручни во својата област, соработка со Центарот за јавно здравје, соработка со Црвен крст, соработка со Хепар центарот и слично.

Стручните соработници работат по програма за здравствено воспитување на учениците која ги содржи активностите: грижа за менталното здравје во услови на пандемија, одбележување на денот на првата помош, недела за борба притв дијабетот, европска недела на хепатитот, светки ден на лицата со дислексија, стрес и стратегии за справување со стресот, борба против зависностите, емоционална интелигенција, анксиозност и справување со истата, одбележување на светскиот ден на лицата со ретки болести, превенција од полово преносли болести, одбележување на светскиот ден на лицата со даунов синдром, поддршка на лицата со аутизам и аутистилен спектар на нарушувања, чување на забите и одржување на оралното здравје и сл.

 

Новиот начин на реализација на наставата, е стресен подеднакво и за наставниот кадар и за учениците, со што се интензивира работата на стручната служба, особено работата на психологот во насока на грижа и превенција на менталното здравје. За полесна комуникација, стручните соработници креираа група на МС Тимс каде се вклучени сите ученици од училиштето а на која активностите ги следат и родителите.

Изминатиов период односно со почетокот на пандемијата, работата е фокусирана на грижата за менталното здравје на субјетктите во образовниот процес и тоа: учениците, родителите и наставниците. Вниманието е насочено кон следење, превенција, давање поддршка, како и индивидуални советувања со ученици кои тешко се справуваат со ситуацијата, предизвикана од пандемијата, поддршка со справување со кризни ситуации и стрес, поддршка и поттикнува на позитивните мисли кај учениците и слично.  Работата на советувања опфаќа и модел со физичко присуство со почитување на протоколите а во зависнот со епидемиолошката состојба во државата, како и работа од далечина на МС Тимс, телефонски контакти со учениците и родителите кои се многу чести. На класните часови во секој клас на МС Тимс, психологот работи и на превенција и едукација и друг вид на активности поврзани со заштита на менталното и физичкото здравје како и давање насоки и техники за справување со стресот, предизвикан од пандемијата. Психологот интензивно соработува и со здружението на психолози од целата држава, насловено како „ Заедно за менталното здравје“ каде споделуваа матерјали, изработуваа правилници, анкети, протоколи, како и изработка на информативно-едукативни матерјали со кратки прецизни насоки за заштита на менталното и општото здравје.

Галерија