Ден за заштита од климатските промени

Ученици од Гимназијата, членови на ЕКО-одборот го одбележаа Светскиот ден за заштита од климатските промени преку едукативно предавање и дискусија за причините и последиците од климатските промени на Земјата.
Покрај предавањето беше промовиран и еко-постер од поставувањето на временска капсула со порака која како аманет ќе биде оставена на идните генерации, ќе биде отворена во 2050 год. и ќе даде одговор на прашањето: Дали ни беше успешна борбата против климатските промени.

Галерија