Кочо Рацин

Традиционално, учениците од нашето училиште неколку пати во текот на годината ги посетуваат дечињата од училиштето за деца со оштетн слух и говор „Кочо Рацин“ – Битола.

Поддршката што ја даваат  нашите ученици кон дечињата е со  цел  да се развијат доблестите како што се искреност, самоконтрола, праведност, благодарност и почит,толеранција и хуман однос без дискриминација, а кои придонесуваат кон добар морален карактер.

Низ заедничка игра, дружење,учество во разни заеднички активности, нашите ученици успеваат да измамат кај овие дечиња бесценета детска насмевка.

Галерија