Македонски јазик

Е-ОКО, е првиот е-весник на СОУ Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола. Весникот беше чедо на новинарската секција која беше составена од мал број  ученици од прва до четврта година. Новинарството е голем предизвик и голема обврска и  издржуваат само најупорните и најхрабрите. Се негуваше чисто новинарство. Благодарност за секое „перо“ кое даде придонес.

Светски ден на мајчиниот јазик

По повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој се празнува на 21 февруари, годинава во услови на пандемија се одлучивме со драмската секција да снимиме видео посветено на мајчиниот јазик но и како одбележување на 76 години настава на македонски јазик…

Видеото беше посветено на 76 писатели , истражувачи, лингвисти , заслужни за развојот на македонскиот јазик. Со нивното споменувањето  и  со поменување на нивните дел оддаваме почит за се она што тие направиле за нашиот јазик  , но  испратиме  и порака до идните генерации дека  …    јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“-Блаже Конески

Видео

Галерија