Превенција од сите видови насилство

Во гимназијата, подолго време се спроведуваат истражувања и активности поврзани со училишното насилство и негово превенирање. Поради тоа, секоја година се формира тим за превенција од сите видови насилство, составен од стручни соработници и наставници, кој работи врз основа на “Програма за превенција од сите видови насилство”.
Тимот активно реализира активности и настани во насока на превенција од насилство во повеќе аспекти: предавања и работилници за препознавање и спречување на физичко, психичко, насилство на интернет, одбележување на националниот ден против булинг, вклучување во кампањата за превенција од насилство врз жените и девојките, спречување на говор на омраза, вклучување во проекти поврзани со трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и насилство врз жртвите, дебати на теми ненасилство и толеранција и сл.

Како еден од начините за превенција од насилно однесување е и  „Спортот како сигурна база за намалување на насилството и агресијата кај средношколците“. Идејата за спортот како етика и обединувачка сила, средство за личен, општ развој и форма на култура. Во соработка со Локалниот совет за превенција од детско престапништво, тимот заедно со ученици реализира  активности во основните училишта на тема : „Средношколците во служба на основците зошто заедно сме посилни“ Поради големиот интерес од учениците од основните училишта, настанот се реализираше неколку пати.

Целта на тимот е учениците да развијат позитивни лични вредности, вештини за препознавање и пријавување на насилството а посебно вештини за користење на ненасилни зборови и ненасилно однесување во и вон училиштето.