Фонд за иновации

  1. Во текот на учебната 2018/19 година, под менторство на наставникот по хемија Борис Маслинко и наставникот по географија Мите Ристов, се реализираше проектот „Присуство на тешки метали во почвата меѓу Битола и РЕК-Битола“ финансиски поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Во проектот активно учествуваа ученици од училиштето, со што, стекнаа практични вештини за работа во хемиска лабораторија и работа со ГИС софтвер за изработка на дигитални карти. Во рамките на проектот беа набавени хемиски материјали, раствори и лабораториски средства, кои значително го подобрија квалитетот за изведување на настава по предметот хемија.

Со проектот беа постигнати следниве резултати:

  • се изведоа 3 теренски истражувања, на кои, од 19 локации околу Битола и котлината Пелагонија се зедоа примероци од почва. Локациите беа маркирани со GPS уред за поголема прецизност при изработката на мапирањето на просторот.
  • се изведоа 2 теренски истражувања на кои од 19 локации околу Битола и котлината Пелагонија се зедоа контролни примероци од почвата.
  • земените примероци од почвата се подготвија за анализа (сушење, мелење на почвата и сл.). Почвените примероци се анализираа со УВ спектрофотометар, а добиените податоци статистички се обработија и се претставија графички и табеларно.
  • Во GIS софтвер се дигитализира просторот на истражување со внесување на сите векторски и растерски податоци и локацијата од земените примероци. Се изработи дигитална карта за географската распространетост на загаденоста на почвите со тешки метали во регионот на Битола.
  • се изработи брошура и постер од истражувањето и на 29.11.2019 год. беше извршена презентација на резултатите од истражувањето пред учениците, наставниците и пошироката јавност во градот и државата.