02.04.2010 - 11.04.2010
Првата размена на ученици, меѓу нашата гимназија и некое училиште од регионот на Нормандија, во Република Франција, се случи во април 2010 година, кога група од 15 ученици од гимназијата беа гости на средното стручно училиште „Жан Мармоз“ од градот Вир. Оваа размена беше организирана од активот по историја, а заеднос со професорот по Историја, Иљо Трајковски, учениците ги придружуваше и Директорот на Гимназијата „Јосип Броз Тито“, Кирил Печалев. Целта на оваа размена е да се подобри изучувањето на францускиот јазик во билингвалната паралелка, но и да подобри знаењето за Европа, Франција и за историјата на Втората светска војна.
Во склоп на ова патување најпрво беше посетен градот Салцбург, во Австрија а потоа и Париз, неговите музеи и споменици. Учениците во училиштето во Вир се запознаа со начинот на организација на работата во училиштето, кои сртуки се застапени, кои јазици се изучуваат. Беа примени и од градоначалникот на градот Вир. Исто така беа разгледани и градовите Вир и Каен, два градови кои беа на линијата на фронтот во Втората светска војна и претрпеле огромни разорувања. Беше посетена и една од најголемите светски атракции, сотровот „Монт Сент Мишел“.
Овој почетен чекор и патување во Франција, отвори можност во наредните години голем број на ученици од нашето училиште да бидат дел од вакви или слични размени, кои ги мотивираат нашите ученици, повеќе да учат, да се залагаат и да бидат дел од вакви размери.
Оваа размена беше поддржана од Францускиот институт во Скопје, како и од Амбасадата на Република Франција во Република Македонија.