19.03.2015 - 29.03.2015

На почетокот на пролетта 2015 година, беше организирано третото патување на наши ученици во Нормандија, Република Франција. Дваесет ученици од нашата гимназија, беа гости една недела во домовите на учениците од средното стручно училиште „Жан Мероз“ од градот Вир.

За време на оваа посета беше отворена една многу интересна и несекојдневна изложба, поврзана со резултатите од теренското истражување на просотите околу Битола, на остатоците од фронтот од Првата светска војна. Оваа изложба беше организирана и под покровителство на градоначалникот на еден од најубавите градови на брегот на Северното море, градот Хулгет. Изложбата беше насловена „Враќање во Македонија“ (Retour en Macédoine), а на отварањето на изложбата имаше голе број на посетители.

Учениците имаа можност да ја посетат плажата Омаха, каде во Втората светска војна се истоварија сојузничките војски, во борбата за ослободување на Европа. Беше посетен и еден од најголемите музеи посветени на Втората светска војна во светот, Меморијалот во Каен, како и американските воени гробишта во Нормандија.

На ова патување учениците беа придружувани од професорите во нашата гимназија, Гергана Гелевска и Иљо Трајковски. Попатно беа посетени и градот Париз, како и градовите Минхен и Виена, со што ученицте имаа можност да се запознаат со дел од културното наследство на Европа.