26.04.2010 - 03.05.2010

Како и при секоја размена на ученици, така и во оваа прва размена на ученици со училиште од градот Вир, Република Франција, по нашата посета на Нормандија и еднонеделниот престој, учениците од училиштето  „Жан Мармоз“ од градот Вир беа во возвратна посета во нашето училиште и кај нашите ученици, на крајот на април и почетокот на мај 2010 година.

Според договорената програма, учениците од дветее училишта, три дена беа на теренски истражувања во околината на Битола, по остатоците од Македонскиот фронт од Првата светска војна, истражувајчи ги фронтовата линија, бункерите и рововите во Општина Новаци и кај селото Мегленци, а исто така беа посетени и селата во мариово, Чаниште и Крушевица, каде разговараа со локалното население за усните преданија, поврзани со настаните од Првата светска војна. Беа истражени и остатоци од воен материјал, кој сеуште се употребува и може да се најде на овие простори.

Секако дека оваа размена беше искористена и за претставување на историјата, традицијата и културата на нашиот град Битола и нашата земја. Беа примени и од секретарот на Општина Битола, г-от Ѓуро Илиќ, а беа посетени и Охрид и Крушево и разгледани нивните културно-историски споменици.

Од ова патување, ученицте од двете училишта направија брошура, во која се претставени многу фотографии, цртежи и размислувања за Македонија и Битола. Тоа беше само почеток на една убава соработка која траеше се до 2017 година.