Географско-астрономска секција

Учениците од гимназијата, во рамките на Географско-астрономската секција и во соработка со астрономското друштво од Битола и географското друштво Геосфера од Битола, на неколку наврати учествуваа во активности поврзани со вечерно набљудување на небесни тела и ориентација на небесниот свод. Учениците имаа несекојдневно искуство одблиску да се запознаат со некои од изучуваните небесни тела од темата Астрономија. Беа набљудувани: планетата Јупитер и неговите сателити, маглината Мачкино око, Плеадите, маглината Орион, ѕвездени јата и галаксијата Андромеда.

Во 2018 год. беше одбележана неделата на астрономијата (Space week 2018),

при што, со телескоп ги набљудуваваме планетите Сатурн и Марс, се одржа кратко предавање за небесните тела од страна на членот од Астрономското друштво Горан Стојановски и работилница за користење на апликацијата SkyMaps.

Галерија