Постигнувања на учениците за 2019-2020
Учениците заедно со нивните ментори, учествуваа на натпревари кои беа организирани на општинскo и регионално ниво, и истите постигнаа забележителни резултати. Поголемиот дел од државните натпревари не се одржаа поради прекинот на наставата во месец март, односно прогласувањето на пандемија.
Од областа на природните науки реалзирани се следниве натпревари и освоени се први награди и тоа:
На општинскиот натпревар по географија е освоено прво место, исто така прво место и на регионалниот натпревар. На општинскиот натпревар по биологија освоено е прво место. На општинскиот натпревар по физика освоени се три први места. На општинскиот натпревар по хемија освоено е една прво место.
Општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 25.01.2020 година, во просториите на Техничкиот Факултет-Битола, учествуваа ученици од гимназијата од сите четири години и ги постигнаа следните резултати: Во прва година освоени се две први, две втори и две трети места. Во втора година освоена е една прва и една втора награда. Во трета година еден ученик освои прво место, а во четврта година една ученичка освои втора награда. Регионалниот натпревар по математика, оваа учебна година се одржа на 08.02.2020година, во просториите на Техничкиот Факултет-Битола. На натпреварот учествуваа пласираните ученици од општинскиот натпревар и ги постигнаа следните резултати: Во прва година освоени се трета награда а во четврта година е освоено второ место на регионалниот натпревар.
На Интернационалниот натпревар по информатика, Дабар 2019 се организираше од 11-15 ноември 2019. На натпреварот зедоа учество 96 ученици и тоа 71 ученик од III година комбинација ПМА и ПМБ и 25 ученици од IV година комбинација А. Натпреварот се одвиваше за време на часовите по предметот Програмнски јазици.
Од областа на странските јазици освоени се следниве награди и места:
Во периодот од 10 ноември до 2 декември, се одржа Натпреварот по спелување и правопис на француски јазик, на кој учествуваа 6 ученици од II година.
Сите ученици се пласираа и зедоа учество на државниот натпревар по спелување и правопис. Една ученичка освои второ место.
Од општествените науки реализирани се и освоени следниве награди и места:
На 20.12.2019 се одржа Меѓународниот натпревар по Латински јазик -ELEX Vestibulumво кој учество зедоа 20 ученика. Сребрени дипломи освоија 7 ученика, а бронзени освоија 5 ученика.
Од областа на спортот, учениците заедно со нивните ментори, во текот на школската година, се до прекинот на наставата, учествуваа на повеќе натпревари и ги освоија следниве награди и места. Во текот на првото полугодие, во месеците октомври и ноември , беа организирани повеќедневни училишни натпревари во шах и пинг – понг, со голема масовност, квалитет, како и учество на сите ученици по години. На општинскиот натпревар по пинг-понг, женската екипа го освои првото место. На општинскиот натпревар во шах, женската екипа го освои првото место, а исто така освоени се и поединечно едно прво и едно второ место. На државниот натпревар во пинг-понг екипно женски е освоено трето место, а поединечно машки, освоено е второто место. На општинскиот натпревар во футсал екипно женски е освоено второто место а машката екипа го освои првото место. На зонскиот и регионалниот натпревар во футсал екипно женски е освоено второто место, додека машката екипа го освои првото место. На општинскиот натпревар во ракомет, машката и женската екипа го освоија првото место. На зонскиот и регионалниот натпревар во ракомет екипно женски и машки е освоено првото место. На општинскиот натпревар во кошарка и машката и женската екипа го освоија првото место. На општинскиот натпревар во одбојка освоени се прво место машка екипа и прво место женска екипа. На зонскиот и регионалниот натпревар во одбојка второ место за машката екипа и прво место за женската екипа, со што се обезбеди место за Државното првенство. На есенскиот кроз во соработка со Центарот за Јавно Здравје Битола нашите ученици се Апсолутни шампиони и во машка и во женска конкуренција. На ноќната трка во повод 4 Ноември, ослободувањето на нашиот град Битола, освоено е првото место во машка и женска конкуренција.