Re Food

Во соработка со невладината организација ГЕТ иновација од Битола ученици од СОУ „Јосип Броз Тито”-Битола под менторство на професорот Никола Трајковски учествуваа во проектот Re-food, како дел од Еразмус+ програмата. Младинската размена се одвиваше во Луксембург во периодот меѓу 4 и 12 септември 2019 год.
Фокусот на овој проект беше главно на отпадот од храна што го создаваат поединци. Главна цел беше да се подигне свеста и да се обезбедат едноставни решенија кои, на крајот, можат да направат значителна разлика.
Главната цел на овој проект беше да се информираат и активираат група учесници со цел понатамошно дејствување во нивните заедници, да бидат иницијатори за социјални промени кон еколошко одржливо однесување и да се подигне свеста кај заедниците од учесниците за проблематиката на отпад од храна и да им обезбеди едноставни идеи за тоа како да се намали отпадот од храна во секојдневниот живот.