Erasmus+

Ерасмус+ е програма на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во Европа. Целите на програмата во областа на образованието и обуката се:

  • унапредување и поддршка на образованието на сите нивоа, зајакнување на врската меѓу формалното и неформалното образование;
  • подобрување на соработката меѓу образованието и пазарот на трудот;
  • создавање на додатна вредност за европско образование и европско димензионирање на образованието;
  • поддршка на соработката помеѓу земјите кои учествуваат во дефинирањето на образовните политики.

Ерасмус+ програмата исто така е фокусирана на јакнење на потенцијалите на младите за активно учество во граѓанското општество, како и на развојот на солидарноста и разбирањето меѓу културите.

Во рамките на Ерасмус+ програма училиштето има учествувано во четири проекти:

Во рамките на проектот се реализираа следниве активности и мобилности:

Проектот започна да се реализира со креирање на лого, каде нашите ученици беа избрани како група чие лого ќе биде заштитен знак на проектот.Во месец октомври преку скајп конверзација беше остварена средба на учениците од Македонија и Реунион преку реализација на квиз од географија и историја на земјите од Европска Унија.

Во периодот од 27.11.2017 до 02.12.2017 година нашата гимназија беше домаќин на партнерите за мобилност на Франција и Шпанија за учество во активноста во рамките на проектот “Обука за улогата на родителите во училиште – клучот што го прави ова средно училиште едно  од најдобрите во земјата – улогата на двојазичноста во успехот на учениците.За време на посетата,партнерите во проектот добија повеќе информации за образовниот систем во нашата земја. Првиот ден, нашите гости беа запознаени со централното подрачје на градот.Во наредните денови партнерите учествуваа во активностите на нашето училиште: во холот на гимназијата беше поставена изложба за архитектурата на Македонија. На 27 ноември 2018 година, двајца родители одржаа предавање  за важноста на изучувањето на странскиот јазик. На 28.11.2017 година учествуваа на дебатата: Учеството на родителите  во изборот на училиште за нивното образование и при изборот на изборната област.

На 29.11.2017 година, тие присуствуваа на спортски натпревар во нашето училиште. Истиот ден учениците од нашето училиште и нивните родители организираа хуманитарна акција преку панаѓур на разни предмети храна изработени од страна на родителите. Преку традиционалната храна и декорации  имаа можност да се запознаат со традицијата и културата на нашата земја.

Следниот ден проект-партнерите ја посетија педагошката служба, се запозаа повеќе со работата на службата и начинот на справување со изостанувањето и слабите оценки на учениците. Како дел од активностите, тие присуствуваа на групно советување на родители, водено од психологот и се запознаа со законските одредби и начини на соработка.

Организирана беше и караоке забава, каде што гостите, наставниците и учениците  танцуваа, пееја песни на македонски, француски и шпански јазик. На 30 ноември 2017 година беше организирано еднодневна посета на Охрид, каде што имаа можност да се запознаат со убавините на градот.

Петиот и воедно последен ден беше презентиран  проектот (на бизнис идеја) идеја за бизнис и споделување на искуство на родителите и учениците, учесниците во проектот, презентерано од ученици под менторство на нивниот бизнис професор, г-ѓа Фанија Наумовска (истовремено директор на училиштето), и доделување на сертификатите за учество на учесниците во проектот.

Втората мобилност се реализира во Реунион каде преставник од нашето училиште беше педагогот во периодот од 12 до 23.02.2018 година. На посетата во Реунион активностите воглавно беа:

  1. Разменување на искуства и практитки со членови на ГПС тимот (група која што е формирана за изнаоѓање на решенија и која што превенира против осипување од училиштето.

-Посета на школската амбуланта – разговаравме со школскиот лекар-психолог кој што ја води школската амбуланта каде доаѓаат учениците по потреба. Секој ученик има свое досие.

-Посета на час по англиски јазик. Презентација на примена на ИКТ во наставата.

           -Посета на час по информатика и разговор со професорот по информатика .

2.Работа со ученици кои се осипуваат од училиштето

-Посета на паралелка на деца кои се осипуваат од училиште. Посета на компанија.

-Посета на ученичка која што посетува компанија поради исполнување на практичната настава.

3.Работа со ученици со посебни образовни потреби

-Посета на час каде што учат деца со посебни образовни потреби.

4.Презентација на проекти за мотивирање на учениците

-Средба со библиотекарката која што е одговорна и носител на сите проекти во училиштето.

           -Учество во училишен одбор

5.Разменување на искуства со наставници (менаџмент и бизнис)

-Посета на час – изработка на CV

6.Разменување на искуства со наставници (англиски и шпански)

7.Функционалност на европските класови

8.Откривање на социјалната и природната околина на училиштето

    9.Посета на подрачното министерство за образование

       -Разговор со подрачниот министер за образование и неговиот заменик и            запознавање со проблемот со кој се соочува регионот при осипување на децата од учикиштата и начините и методи на решавање на тој проблем.

    10.Посета на советник за образование (педагог).Педагогот на училиштето имаше разговор со неколку ученици со проблеми во однесувањето и слабиот успех кај учениците.

   11.Посета на локалниот пазар .

Третата средба беше во Гранада, Шпанија. Во рамките на активностите на проектот ”Архитектура и национално наследство”,беше предвидена заедничка средба на учесниците во проектот Реунион(Франција),Шпанија и Македонија во месец март во Гранада(Шпанија). Средбата траеше од 07-13 март,во Гранада, со наше присуство,професори и ученици од Реунион(Франција) и домаќините професори и ученици од училиштето Картуја.

Во текот на четири дена беа реализирани повеќе активности:присуство на часот по информатика, на кој во групи работеа учениците од Шпанија и Реунион(Франција). Исто така на посетата и запознавање со начинот на интегрирање на деца-мигранти во образованието и начинот на работа со нив(Италија).

Беше организирана посета на Сиера Невада, како и на Алхамбра и Сакраменто.

Уште една впечатлива активност претставување мултикултурниот ден на кои беа презентирани кујните на различни нации.

На крај беа дефинирани активностите за мобилноста во април со ученици од Македонија, Шпанија и Реунион (Франција).

   

Втората мобилност на учениците се одржа на островот Реунион: во нашето училиште присуствуваа 18 македонски ученици и 11 шпански ученици.

Првата недела беше посветена на подготовка на академската недела на јазици и празникот на Европа и финализирање на активностите: учениците работеа во мешани групи (француско-шпански-македонски), со цел да се заврши брошурата и работата на двојниот простор, ги поставија изложбените панели и ги финализираа нивните дела.

Втората недела беше посветена на анимацијата на  неделата на јазици: откривање и анимирање на изложби, игри околу растенија, културни посети на островот од страна на нашите партнери и ученици,  запознавање со шпанската и македонската традиција, запознавање со македонскиот и шпанскиот јазик, запознавање со македонските и шпанските традиционални  танци, средби и тркалезни маси со средношколците , откривање на религиозни храмови на островот.

Размената беше богата помеѓу учениците и сите можеа да се забележат зближувањата помеѓу учениците  од трите земји-партнери. Учениците  беа воодушевени да можат да комуницираат  на француски, англиски и шпански јазик.

                                                     

 

Проектот е дел од КА1 програмата за мобилност и стручно усовршување на наставници и се реализираше во период меѓу јуни 2018 и ноември 2019 год.

Главни цели на проектот беа:

– Наставниците – учесници да се стекнат со нови вештини, методи, техники и стратегии за лидерство при работа со ученици, со што, ќе стекнат нови идеи како да работат на нов, свеж начин во училницата, ќе разменат искуства и ќе го збогатат искуството за работа во интернационални проекти;

– Споделување на стекнатите вештини и знаења пред се со останатите вработени, но и пошироко, презентирајќи пред релевантните државни институции за добивање на акредитација за спроведување на обуки на регионално и национално ниво;

– Зголемување на мотивираноста за работа кај наставниот кадар и зголемување на креативноста и вештините кај учениците, взаемната интеракцијата, што понатаму води кон поквалитетен образовен процес во Р. Македонија и подобри резултати на меѓународни тестирања или натпревари;

-Приближување на начинот на работа во нашите училишта кон образовните системи на другите европски држави, од што директна корист ќе имаат учениците: поголема и полесна мобилност, можност за продолжување на школувањето или усовршување во други земји.

– Градење на мрежа со училишта од други земји и можност за работа на партнерски проекти.

Во реализација на проектот зедоа учество седум наши наставници.

Со проектот се реализираа следниве активности:

– Подготовки за посета и учество на  курсот. (Состаноци за ажурирање на информациите за активностите на учесниците водени на англиски јазик со цел усовршување на конверзациските вештини, селектирање на примери за добри практики во наставата, ученички трудови, обезбедување материјали за презентирање на нашата култура и културата на земјата – домаќин, информации за патувањето, обезбедување на транспорт, документи и слично);

– Учество на мобилност во Сплит, Хрватска и стручно усовршување на наставниците во едукативниот центар „Папагалио“ за стекнување на нови вештини за примена на современи методи во наставата;

           

Дисеминација на содржините од курсот. Дисеминација се одржа со наставниците од нашето училиште, но и училишта од општината, каде преку практични работилници им се пренесе стекнатото знаење и вештини. Вкупно беа реализирани три работилници.

             

Беше извршена имплементација на стекнатите вештини преку реализација на нагледни часови.

– Евалуацијата на проектот: беше изработен блог од мобилноста (https://erasmusjbt.blogspot.com/), и извештај по реализирање на обуката, прашалници за наставниците и учениците.

  1. Проектот е дел од КА2 програмата и беше поднесен од средно училиште од Шпанија како координатор на проект, каде како партнер беа нашето училиште со уште три средни училишта од Италија, Романија и Германија. Координатор на проектот е Наумовска Жанета, а наставници кои учествуваат во проектот се Искова Јасмина, Мери Талевска, Мите Ристов, Александар Поповски и директорката Фанија Наумовска.

Проектот трае 24 месеци месеци почнувајќи од 2019 и завршувајќи на 14/09/2021. Со настанатата ситуација од пандемијата на корона вирусот проектот се продолжува до 31.08.2022 година.

Ова е проект, кој овозможува атрактивност на градовите, уметнички дела и културни настани кои го обликувале карактерот и традициите кои со текот на вековите ја дефинирале разновидноста на карактери и карактеристики на секоја цивилизација, а истите се во исто време основата на заедничкото европско општество. Проектот е поврзан и со подобрување на професионалниот развој на наставниот кадар; Европа обезбедува идеална рамка за доживотно учење, формално и неформално, преку размена на искуства и знаење. Учесниците учеснички се по 20 ученици од секое училиште, и на возраст  од 14 до 16 години. Некои активности се насочени кон сите ученици  во школото. Вклучените наставници предаваат разни предмети (музика, уметност, странски јазици, литература) што е потребно да дадат широк преглед на културите и традициите. Меѓу нив, имаме наставници со големо искуство во европски проекти и членови на менаџерски тимови во нивните соодветни центри, што гарантира добар квалитет во имплементација и управување со проектот. Главните цели се: учениците да развијат критичко размислување и креативност, да се запознаат со културното наследство што го обликува европското опкружување (музика, фолклор, споменици), подобрување на дигиталните вештини, затворање на реалноста на социјалната, етничката, јазичната и културната разновидност што нè опкружува. Главните цели на наставниците се: размена на добри практики и педагошки стратегии (за да се добие иновативна и креативна динамика), постигнување на поголема мотивација и задоволство во нивната секојдневна работа. Целите на институциите се : подобрување на интернационализацијата преку генерирање нови стратегии, ​​модернизирање на работната околина, подобрување на јазичните вештини, дигиталните вештини и сл.

Активности што се реализираа до овој момент се: Мобилност на наставници во периодот од 24.09.2019 до 29.09.2019, реализирана беше посета во Романија каде наставниците Жанета Наумовска и Јасмина Искова беа дел од нивните лекции и се запознаа со наставните методи и материјали во романскиот образовен систем. Во истата средба во Романија се реализираа обуки за користење на дигитални карти. Во текот на сите денови, наставниците имаа можност да научат нешто повеќе за романската култура и културно наследство. Втората мобилност беше во Бари Италија каде присуствуваа 5 ученици и 2 наставници. Мобилноста беше организирана во период од 13. 12 до 19.12.2019 година. Активностите започнаа со средното училиште „Марко Поло“ во Бари каде учениците и наставници се состанаа во Лабораторија Калвино IISS Марко Поло за презентација на нивните училишта. Реализирани беа и неколку посети и тоа: Посета на Театро Петруџели во Бари најважниот театар на Бари, прошетка низ стариот град: Театро Маргерита, Ла Валиса, Театро Пичини, Базилика ди Сан Никола, Катедрале Сан Сабино. Учениците од школата Марко Поло беа придружени на турнејата низ стариот дел на градот, споделувајќи интересни факти и приказни за највпечатливите предмети во овој дел на Бари, поосета на Алберобело Сити и Полингано а кобила. Важни градови за културно наследство. На екскурзијата, учениците и наставници ги посетија двата локалитети на културното наследство на УНЕСКО, реализирана беше и презентација на носии во Laboratorio Calvino IISS Марко Поло. Наредните денови беа организирани интерактивни игри и натпревари на кои учениците се запознаа со интересни споменици од стариот дел на Бари и со историските настани поврзани со нив. Во текот на мобилноста, нашата ученичка Тамара Костова даде интервју за локалното радио и го презентираше нашето училиште. Третата мобилност беше предвидена во Германија, но со настанатата ситуација од корона вирусот  проектот е ставен во мирување се до подобрување на ситуацијата, а во меѓувреме е добиено продолжување на проектот до 31.08.2022. година.