Постигнувања на учениците за 2016-2017

 На регионалниот натпревар по географија кој се одржуваше во април 2017 учествуваа 2 ученици и освоија  прво и второ место. На  државниот натпревар во мај 2017 учествуваа 2 ученици и освоија  прво и второ место.                 

          Во месец февруари во училиштето беше организиран училишниот, а воедно и општински натпревар по физика на кој учествуваа 25 ученици. На регионалниот натпревар во Охрид на 09.04.2017, учествуваа 14 ученици, од кои  еден освои 2 место и уште седум се пласираа за државниот натпревар во Скопје на 06.05.2017 година.

          На регионалниот натпревар по хемија учествуваа три ученички и се пласираа за државниот натпревар. Ученичката Драгарска Катерина освои трето место на државниот натпревар.

На општинскиот натпревар по математика кој се одржа во месец јануари , нашите ученици ги освоија следните места:прво место една ученичка од прва година и една ученичка од втора година. Со освоено второ место во прва година е еден ученик, и две ученички од втора година.Трето место освоија двајца ученици од втора и еден ученик од четврта година. На регионалниот натпревар по математика кој се одржа во месец февруари ,нашите ученици постигнаа значајни резултати и места:прво место една ученичка од прва и една ученичка од четврта година.Второ место исто така една ученичка од прва и еден ученик од четврта година и трето место една ученичка од втора и еден ученик од четврта година. На  Државниот  натпревар по математика кој се одржа во месец март, учениците и ги освоија следните награди:Второ место една ученичка од четврта година и трето место една ученичка од прва година. На натпреварот КЕНГУР кој се одржуваше во текот на месец март, учествуваа 101 ученик и истите постигнаа забележителни резултати и тоа: 15 ученици прво место, 9 ученици второ, 6 ученици трето место. Македонска математичка олимпијада се одржа на 08.04.2017 година. На истата нашите ученици ги освоија следните награди: еден ученик од четврта година сребро и една ученичка бронза, исто така од четврта година.

На регионалниот натпревар по информатика кој се одржа во месец март во просториите на ФИНКИ-Скопје, еден ученик од четврта година освои трета награда. Во организација со ФИКТ Битола ,во месец март беше одржан натпреварот Code Cap 2017 на кој од нашето учеилиште учествуваа 3 тима и ги освоија следните награди:Со апликација Смарт кеш, тимот од четврта година освои трета награда во категоријата апликации.

Во текот на месец октомври 2016 година 2 тимови на ученици , под менторство на наставниците по бизнис и претприемништво  зедоа учество на натпреварот за најдобра бизнис идеја „Get in the ring“. Еден од тимовите се пласира во финалето и го освои второто место.

Оваа година нашите ученици учествуваа на Републички и регионален натпревар по социологија каде една ученичка од втора година го освои првото место.

На акредитираниот општински натпревар по англиски јазик за втора година на кој 3 ученици обезбедија учество на регионалниот натпревар, една ученичка освои прво место и обезбеди учество на државниот натпревар.

Во просториите на гимназијата, организирани се училишен и општински натпревар по правопис и спелување на француски јазик, за основно и средно образование. Организиран е регионален натпревар по правопис и спелување на француски јазик.На државниот натпревар по правопис и спелување на француски јазик 2016 – ученичката Елена Петковска освои второ место во категорија билингвални паралелки. На Регионален натпревар по француски јазик одржан во месец март, нашите ученици  освоија I, II и  III место во категорија Билингвални паралелки и I и  III место во категорија Класична гимназија. Одржан е и училишен, регионален и државен натпревар по Петанк (Petanque) во Битола. Учениците од нашето училиште традиционално се во најдобрите три екипи – со освоено I и II место на државниот натпревар. На Државниот натпревар по француски Олимпијади 2017 одржан на 22.04.2017 во Скопје, ученичката Ана Анастасова освои III место и се пласира на Meѓународниот натпревар по француски јазик во Ерменија.

Како и секоја година, ученици од Гимназијата учествуваа на општинските, регионалните и републичките натпревари по Латински и Старогрчки јазик. Од оние кои поминаа на општинскиот натпревар, на регионалниот натпревар по Латински јазик освоија тројца ученици освоија прво место, еден ученик второ и двајца ученици трето место. На Републичкиот натпревар кој се одржа во месец мај во Скопје нашите ученици  освоија две први, едно второ и едно трето место, од кои едно прво место е по латински јазик а првото, второто и третото место со по старогрчки јазик.

Големиот број на награди, освоени места и признанија не не изоставија и во областа на спортот. На  Државниот  натпревар во  пинг-понг, екипно:пинг-понг (женски) – освоено е 3 место, како и учество на Државен натпревар по стрелаштво. На Општинскиот натпревар во мал фудбал-футсал, екипно футсал женски и освоено трето место, а на општинскиот натпревар во ракомет екипно машки-второ и екипно женски со освоено прво место. На Државниот зонски натпревар во ракомет женски, освоено е првото место, додека на општинскиот натпревар во кошарка освоени се екипно машки второ и екипно женски прво место. На Државниот натпревар во кошарка женски, нашите ученички го освоија второто место. На натпреварите каде организатор беше МОН и АМС нашите екипи ги освоија следните места: на општинскиот натпревар во одбојка екипно машки второ место, додека женската екипа го освои првото место. На регионалниот зонски натпревар во одбојка екипно-женски , освоено е првото место. На Државниот натпревар во одбојка женски-првото место. Исто така нашите екипи учествуваа и на општинскиот натпревар во фудбал машки каде го освоија првото место, додека на регионалниот зонски второ место. Нашата гимназија е апсолутен ШАМПИОН во сите спортови (училишен спорт ) во Општина Битола, најуспешно средно училиште во Општина Битола за 2016 – 2017 година, како и најдобар професор во Општина Битола за 2016 – 2017 година.