Ден на водите и шумите

ЕКО-Одборот при СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола преку онлајн настан ги одбележа Светските денови на водите и шумите. На настанот, ученици од училиштето, членови на Еко-одборот, пред 130 учесници од училиштата во Општина Битола одржаа предавање на тема: Загадување на океаните со пластика и Човекот како фактор  за опожарување на шумите и се одржа дебата за подигање на еколошката свест кај учесниците. Настанот беше збогатен со учеството на Горан Димкоски, заменик командир на Противпожарната единица во Битола, кој пред учесниците го пренесе личното искуство во справувањето со шумските пожари во регионот на Битола и предизвика особен интерес кај учениците и плодна дискусија.