ЕКО-одборот при СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола на 5 март 2021 год. го одбележа Светскиот ден за енергетска ефикасност. Ученици, членови на Еко-одборот, под менторство на професорот по физика Каранфилчо Алачев, одржаа онлајн презентација на позитивните ефекти од подобрувањето на енергетска ефикасност. Исто така, преку снимено видео, демонстрираа, како секој ученик да изработи полнач за алкални батерии и ја подигнаа свеста кај учесниците за потребата од реупотреба на батериите и за штетното дејство на батериите кон животната средина доколку се депонираат со комуналниот отпад. На настанот присуствуваа над 120 учесници од училиштата од Општина Битола.