Мајката Земја
Во текот на учебната 2020-2021 година, во партерство со неколку училишта од Турција, Шпанија, Грција и Азербејџан, ученици од прва година при СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола, под менторство на професорот по географија Мите Ристов зедоа учество во eTwinning проект именуван како „Мајката Земја’. Главни цели на проектот се подигање на свеста за зачувување на почвите од загадување и создавање на нова органска почва, односно компост, при што секој од учениците одреди простор во домашниот двор или тераса каде ги одлага биоразградливите материи од остатоците од храната и подготвува домашен компост, односно нова почва која би се искористила во градината. Покрај компостирањето, учениците беа вклучени во повеќе активности, како изработка на лого и слоган на проектот, анкетни прашалници, постери и презентации за компостирање, изработка на кратко видео и книга. Беа одржани неколку онлајн состаноци со учениците од сите училишта вклучени во проектот со желба за идна соработка на Еразмус + проекти.