Проект со ALDA и Британска Амбасада

Во текот на учебната 2016/2017 година, на покана од ALDA, Европската асоцијација за локална демократија и на Британската амбасада во република Македонија, шест ученици од трета година од генерацијата 2014-2018, беа дел од проект кој беше поврзан со настаните во периодот од Првата светска војна на Македонскиот фронт. Учениците, заедно со своите врсници од Скопје, Богданци, Струмица и Тетово, имаа два состаноци во Битола и во Дојран, каде покрај предавањата и групната работа, имаа можност да посетат дел од рововите, бункерите и бојното поле, каде пред 100 години се одвивале жестоки судири. Потоа има период од 30 дена, со употреба на новите дигитални средства, да претстават настани, места или ликови, а со цел да се оддаде почит на страдањата на војниците и локалното население во текот на Првата светска војна на просторот на Македонија.

Нашите ученици, заедно со професпрпт по историја Иљо Трајковски, се одлучија да ги претстават настаните, секојдневниот живот и војските, обединувајчи ги во една слика, тогаш и сега. Одлуката беше да се искористи она што е постајано покрај секој ученик – нивниот мобилен телефон.

Најпрво беа разгледани повеќе стари фотографиии од Битола од времето на Првата светска војна и учениците предложија, овие фотографии да се вметнат во денешено време и простор, а контрастот на црно-белите фотографии и колор фотографиите на нивните телефони, јасно ќе ги отсликуваат истите простори, но одвоени цели 100 години.

Учениците беа поделени во три групи по двајца ученици, со предметниот професор ги разгледаа старите фотографии, го определија денешниот простор каде тие се наоѓаат, дознаа повеќе податоци за настаните од периодот на војната. Потоа со своите мобилни телефони, старите слики ги вметнаа во сегашниот простор и панорама, со што се доби одлична претстава за промените, кои се пгромни иако станува збор за само 100 години временски период.

Овој пристап доби високи оценки од сите учесници во проектот, а работата на учениците, Ева Јраус, Благој Јанакиевски, Викторија Водиловска, Марјан Котевски, Весна Трајчевска и Горазд Димовски, беше забележана од многу средства за информирање, портали, како од земјата, така и од странство. Нивната работа подоцна беше објавена во стручно списание во република Франција. Учениците исто така беа поканети и од Амбасадорот на САД во Македонија, на прием на кој беше изразено воодушевување од негова страна за работата на учениците.