Математика
На 12-04-2021 г.,беше одбележан Денот на математиката Pi-day,кој поточно е во Март(трет месец) и 14 -ти ден.Тоа се првите цифри или приближната вредност на бројот Pi.Во чест на бројот ,уште од 1988 г.во San Francisco почнало да се прават кружни пити, со знакот на бројот Pi.Покасно од 2009 г.,14-ти Март е назначен за ден на математиката.
Ученички од прва година со презентација ,интересни факти и видеа го популаризираа денот пред останатите ученици од гимназијата.
Последната активност имаше за цел учениците да се запознаат како настанал бројот. (однос на обиколката(периметарот) и пречникот(дијаметарот ) на питата), како и воведување на поимот радијан како мерка за големинана агол(агол на кружен исечок од питата, околу шестина, кој има ист радиус како должината на лакот).