Еразмус + проект ,, Ние и тие, пред нас,, ,, US and THEM, before us'' 2022/23

Во проектото ,, US and THEM, before us ’’ вклучени се  три партнерски училишта од Србија, Северна Македонија и Кипар. Проектот е осмислен да се реализира преку повеќе активности  започнувајќи од 01.06.2022  до 31.05.2023.
Самиот проект опфаќа три значајни теми и тоа:
– Премостување на меѓукултурниот, меѓугенерацискиот  и социјалниот јаз
– Културно наследство
– Нови методи и пристапи за учење и настава

Главна цел на проектот е:
– Споделување на искуства и позитивни практики како да се предава за Втората светска војна
– Примена на добри практики за тоа како да се негува културата на сеќавање за Втората светска војна

Проектот се реализира преку хронолошки поставени активности започнувајќи со:
– Е-твининг проект на тема: ,,Доближување на Северна Македонија, Кипар и Србија; Култура и култура на сеќавање,,
– Да се креираат и реализираат добри практики и да се споделуваат во меѓународна рамка
– Да се подготват, организираат и реализираат три ,,Недели на сеќавање,, во Белград во период од 23.10.2022 до 29.10.2022 година, во Кипар во период од 05.02.2023 до 12.02.2023 и ,,Недела на сеќавање,, во нашата Гимназија во март 2023 година. 

Конкретните активности посебен приоритет исто така поставуваат на човековите права, покажување почит кон традиционалните културни вредности, обезбедување на вредности насочени против војната, да се почитува сопствената и историјата на другите, да се почитува културното наследство, да се почитуваат жртвите од претходната генерација и др. 

Очекувани крајни резултати од проектот се:
– Заедничка соработка за постигнување на целите
– Охрабрување на наставниците да развиваат и имплементираат методи и пристапи за учење  кои обезбедуваат повисок квалитет на настава за Втората светска војна, поттикнување на системот на афирмативни вредности кај младите ( емпатиија, афирмативен став кон минатото, социјалнна свесност и одговорност, вредности за граѓанство и човекови прав) и развивање на мотивација за граѓанско дејствување
– Обезбедување на добри практики, планови за часови, сценарија за настава -како да се научи Втората светска војна и како да се негува сеќавањето за овој период
– Развивање на дигитални, јазични, комуникативни вештини, истражување, решавање на проблеми, компетенции за тимска работа меѓу наставниците и др.

 На наставниците во СОУ ,,Јосип Броз Тито,, презентиран е проектот за време на Наставнички совет со цел за нивно вклучување во истиот.

Координатор на проектот, Иљо Трајковски-наставник по историја