Професионална ориентација и насочување на учениците

Изборот на идна професија е една од неколкуте важни одлуки во животот на еден човек. Професионална ориентација и насочување на учениците,  интензивно се реализира  преку батеријата инструменти за професионална ориентација-БИПО. Интересот за професионална ориентација на учениците е сегогаш голем.

БИПО е батерија од тестови, наменети за професионална ориентација на учениците над 16 годишна возраст и ги содржи следните подрачја:

1. Прашалник за професионални интересирања-ППИ

ППИ се состои од 128 искази формулирани во вид на тврдења и тоа по 8 за секој од 16-те вклучени кластери на професионални интереси.

  • Земјоделие, сточарство и екологија
  • Јазик, култура, медиуми
  • Административни дејности
  • Политика и раководење
  • Здравство и нега на тело
  • Информатичка технологија
  • Мануфактура и произвотство
  • Наука и истражување
  • Архитектура, градежништво, техника и технологија
  • Претприемништво и економија
  • Образование и обука
  • Социјални услуги
  • Туризам и угостителство
  • Право и безбедност
  • Маркетинг и продажба
  • Транспорт и сообраќај

2. Прашалник за работни вредности –ПРВ

ПРВ содржи 6 кластери од по 3 искази- по 1 кластер за секоја од следните   работни вредности:

  • А-Постигање
  • В-Автономија
  • С-Статус
  • D-Помагање
  • E-Сигурност
  • F-Работни услови

3.Тип-индикатор тест на личност-ТИТ

ТИТ се состои од 9 скали што идентификуваат 9 различни типови на личност:

  • Тип А-Помирлив
  • Тип В-Приврзан
  • Тип С- Мотиватор
  • Тип-D-Реформатор
  • Тип Е-Артистичен
  • Тип F-Помагач
  • Тип G-Лидер
  • Тип Н-Мислител
  • Тип I-Ентузијаст

Тестот се реализира доколку учениците имаат добиено корисничко име и лозинка од страна на лицата кои се одговорни за работа со професионалната ориентација и кариерно насочување на учениците (кариерен советник и психолог). Тестот го пополнува секој ученик самостојно на интернет, преку програма наменета за тестирање за професионална ориентација. По пополнувањето, резултатите автоматски се пресметуваат и се интерпретираат и соопштуваат на учениците.

При индивидуалното соопштување на резултатите, учениците се насочуваат за тоа кои занимања би им одговарале според професионалните интереси и вредности на личноста, но крајната одлука ученикот секогаш ја носи сам. Изборот на идното образование и кариера, само и едниствено е одговорност и желба на самиот ученик.

Закажување за тестирање кај кариерен советник Фанија Наумовска – fani.naumovska@gmail.com

На заинтересираните ученици им се креира корисничко име и лозинка со кое можат да присатапат кон тестот.

Одговорни лица за кариерно насочување и професионална ориентација:

  • Фанија Наумовска – fani.naumovska@gmail.com
  • Лидија Споа – lidijaspoa@hotmail.com