Unusual subjects shaping minds
Во периодот декември 2023-мај 2024 група ученици под менторство на професорјката Фанија Наумовска го реализираат eTwinning проектот “Unusual subjects shaping minds”. Во проектот учествуваат 10 училишта од Турција, Естонија и Македонија. Овој проект има за цел да користи невообичаени теми, како готвење, правење филмови и прашања за животната средина, за да им овозможи на учениците да учат од искуствата од реалниот живот, да ги разберат културните разлики, да ја подигнат свеста за еколошките прашања и да користат технологија и web 2.0 алатки. Дополнително, има за цел да ги направи часовите покреативни и попријатни со инкорпорирање на различни необични активности и активно вклучување на учениците во процесот на учење.