Германски јазик
,,Liebe geht durch den Magen” – љубовта доаѓа преку желудникот
Под менторство на професорката Ирена Петровска, ученици од трета година изработија забавни видеа во кои самите се во улога на готвачи. Учениците вложија голем труд за снимање на видеата, ги покажаа нивните кулинарски способности и омилени рецепти. Ова се само дел од прекрасните видеа, во кои се прикажани рецепти на германски јазик. Притоа, вокабуларот поврзан со темата: ,,Јадења и готвење“ беше усвоен на најинтересен начин. Дали мажите или жените се подобри готвачи, оценете сами 🙂
Квиз ,,Kahoot” – интерактивен и забавен квиз, преку кои учениците од прва и трета година го повторуваат изучениот материјал. Квизот го поттикнува натпреварувачкиот дух на учениците, нивната брзина, концентрација и знаења по предметот германски јазик.
Со цел часот по германски јазик да биде интерактивен, иновативен и интересен за учениците често се користи апликацијата LearnigApps.org. Во неа се изработуваат квизови (на пример: кој сака да биде милионер), вежби со повррзување на слика со збор или текст, учениците решаваат крстозбори и составуваат сложувалка, преку составување на зборови во различни времиња.
Исто така се користи апликацијата SurveyMonkey, доколку учениците имаат вежба да пополнат различни видови на формулари или анкети.
Фотографии од активности со учениците како на пример : изработка на мени , изработени честитки и покани од учениците , формулари преку апликацијата SurveyMonkey и различни видови на вежби со поврзување .
Во периодот од 15.01.2021 до 25.04.2021 професорките по германски јазик Елена и Нина учествуваа во меѓународната програма „DLL“ (Учење да се предава германски јазик) која нуди можност за развој на наставниот процес по предметот германски јазик со што наставниците имаа можност да се запознаат и да применат современи наставни методи како во настава со физичко присуство, така и во online настава, која денес се практикува во повеќето училишта поради новонастанатата ситуација со пандемијата поради коронавирусот.