МИМО

Уште од самото започнување на проектот за меѓуетничка интеграција на младите  во образованието, нашето училиште СОУ гимназија „Јосип Броз Тито” – Битола ,активно е вклучено во реализирање на активности кои овозможуваат интеретничка интеграција во образованието и во создавање на мултикултурно интегрирано општество.

     Тимот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието во нашето училиште за 2020/21  година го сочинуваат :

  1. Биљана Исковска – координатор
  2. Лидија Споа
  3. Даница Таневска
  4. Софија Бејковска
  5. Александар Поповски
  6. Мирјана Лозановска

    Заеднички цели на сите наши активности се ставање акцент на меѓуетничката интеграција и градење на интегрирано општество, надминување на предрасудите и стереотипите, соработка со тимовите на  нашите партнер училишта  СОУ „Дрита “- Кичево и Др. „Ибрахим Темо“- Струга, зближување и меѓусебно запознавање. Сето ова претставува вложување во иднината на сите ученици затоа што им помага да станат одговорни граѓани кои знаат заеднички да живеат во мултикултурно општество и заеднички да придонесуваат за развојот на ваквото општество.

Реализирани МИМО активности

 Нашето училиште во рамките на  проектите „Меѓуетничка интеграција во образованието“ и „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ МИМО, чија цел е подобрување на меѓуетничката интеграција на младите во образовниот систем реализираше многубројни активности во периодот од 2014 год. па се до денес.

Учениците заедно со партнер училиштата реализираа неколку меѓусебни посети на кои се одвиваа голем број на заеднички активности, каде што учениците заеднички имаа можност да го развијат чувството на соживот, взаемно почитување и меѓуетничка толеранција во една мултиетничка заедница, соработува меѓу себе при заедничка изработка на истражувачки проекти, се изработуваа модели на заеднички народни мултикултурни обележја – традиционални куќи, стари градби, верски објекти, посети на историски музеи,мултикултурни и интеркултурни работилници, работилници за демократска партиципација, човекови права, права на детето, организација на дебати,  ликовни колонии, изложба на фотографии, музички настани, поетски читања, хуманитарни акции, спортски турнири, креативни работилници.

Соработката со „Дрита“ – Кичево започна во 2014 година, при што беше реализирана посета на нашето училиште од страна на партнер училиштето.

Во рамките на таа посета беа остварени низа активности : Подготовка на антички десерт, работилница со изработка на оригами, работилница за изработка на заеднички цртежи,пишување на глинамол,изработка на заедничко лого. 

 Соработка со Др „Ибрахим Темо“ – Струга започна во 2018 година, со запознавање и претставување на членовите од МИМО тимот на двете партнерски училишта. Поради реализација на активностите беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете училишта,а во истиот е дефинирана улогата на секој што ќе ја има во сите наведени заеднички активности.

Во првата фаза училиштето Др „Ибрахим Темо“ – Струга беше гостин на нашата гимназија каде беа остварени неколку активности:,,Воспоставување на ново МИМО партнерство“, Работилница: ,,1=1 Сите сме различни, но еднакви“, Работилница: ,,НЕ за стереотипите, предрасудите и етничката дискриминација“, Посета на музејот на Албанската азбука –Битола, Посета на Завод и музеј –Битола, Спортски натпревар – кошарка.

  1. Следната средба беше остварена во Струга, каде нашето училиште беше домаќин на битолската гимназија. Следеа неколку активности
  2. Работилница –Детски права – кратка презентација за детските права и одговорности по која следат активности на учениците
  3. Посета на Музејот Д-р Никола Незлобински – Струга
  4. Посета на Спомен домот на браќата Миладиновци
  5. Посета на црквата Св. Ѓорѓија / џамијата Мустафа Челеби – Струга

     При двете средби учениците од три различни етникуми (македонски, албански, турски) соработуваа одлично меѓусебе, се дружеа и учеа нови работи за другите култури и обичаи. На секоја од средбите беа обезбедени освежувања во училиштата за учениците и наставниците како и ручек при прошетките и посетите на културните споменици и музеи.

  1. Третата средба се оствари повторно во Битола, каде учениците преку игра се запознаваа меѓусебно и дебатираа на темата за тоа како може да спречиме дискриминација, што е тоа дете правобранител, дали имаме влијание од предрасудите во општеството и.т.н.

Поради ситуацијата со пандемијата Ковид-19, оваа година беше одлучено планираните активности да се одвиваат без физичко присуство, online, и учениците да комуницираат и да се дружат преку пораки и состаноци на социјалните мрежи и платформи. И покрај оваа вонредна ситуација, сепак одлично се снајдоа и ги извршија своите обврски, истражуваа, цртаа, пееја и се дружеа. Цел на истражување беа местата Крушево и Вевчани, нивните традиции, обичаи, споменици и други значајни знаменитости и манифестации поврзани со нив. Учениците се поделија во три групи – Група за презентација, Група за цртање и Музичка група, па на тој начин се поврзаа меѓусебе во зависност од нивните интереси.

Галерија