Постигнувања на учениците за 2018-2019
Од областа на природните науки ( географија, биологија, хемија и физика), учениците учествуваа на општински, државни како и меѓународни натпревари каде постигнаа значителни награди и места.
На општинскиот натпревар по географија се освоени 2 први и 2 втори места а на регионалниот се освоени 1 прво, 1 второ и 2 трети места. На државниот натпревар по географија учествуваа два ученика од прва годин, Јован Секуловски од I-5 клас, Илија Митревски од I-2 клас, и две ученички од втора година, Анита Србиновска и Ангела Србиновска од II-5 клас, и истите освоија две први места а ученикот од прва година трето место.
На општинскиот натпревар по биологија ученичката Наталија Ѓорѓиевска го освои првото место а Ева Ристевска го освои второто место. На регионалниот натпревар се освоени прво и второ место. На државниот натпревар втората награда ја освои ученичката Наталија Ѓорѓиевска од втора година.
На регионалниот натпревар по физика се постигнати следните резултати:
Од прва година, ученикот Бојчевски Андреј освои I награда, исто и ученичката Ѓоргиевска Наталија. Ученикот Стефановски Кирил ја освои II награда Николовска Христина, III награда. Од втора година посигнаи се следните резулати: Ивановска Мила освои I награда, Костова Тамара III награда. Од трета година ученикот Пешевски Димитар освои I награда а од четврта година ученичката Ѓорѓиевска Сара освои III награда. На државниот натпревар по физика се постигнати следните резултати: Учениците од прва година Бојчевски Андреј , освои II награда а Николовска Христина, III награда. Од втора година учениците Сајков Леонид и Секуловска Ангела ги освоија третите места. Од четврта година Ѓорѓиевска Сара освои втора награда.
На јуниорската олимпијада по природни науки , одржана во декември 2018 година во Боцвана, ученичката Ивановска Мила освои бронзен медал.
На општинските и регионалните натпревари по хемија, освоени се први места. На Државен натпревар по хемија кој се организираше и спроедуваше во Скопје, учениците Мила Ивановска II 1 клас и Леонид Сајков II 5 клас освоија две трети места.
На Општинскиот натпревар по математика кој што се одржа во јануари освоени се следните награди: Ученикот Андреј Бојчевски од прва година го освои третото место, а ученичките Мила Ивановска, Тамара Костова од втора година го освоија првото место. Ученичката Магдалена Филовска го освои второто место и две трети места освоија учениците Соња Перовска и Мартин Ангелевски. Од трета година ученичката Катерина Паскова го освои второто место.
На регионалниот натпревар по математика се освоени следните награди: Од прва година учениците Андреј Бојчевски прва награда, Ангела Ристевска втора и Кирил Стефановски трета награда. Од втора година Магдалена Филовска втора награда а ученичките Тамара Костова и Соња Петровска освоија трета награда.Трета награда освои ученичката Катерина Паскова од трета година. На Државниот натпревар по математика ученикот Андреј Бојчевски од прва година го освои второто место.
Од 12-18 ноември се оргарганизира и реализира натпреварот по информатика ДАБАР, на кој се приклучија ученици од сите години на часовите по информатика и програмски јазици. Одговорни за спроведувањето на натпреварот беа професорките Таневска Весна (за учениците од I и II година) и Соклевска Мирјана (за учениците од III и IV година). На натпреварот учествуваа 113 машки и 127 женски ученици од сите четири години на образование. За сите учесници на натпреварот, менторите и училиштето се издадени уверенија за учество на натпреварот од страна на Здружението на информатичари на Република Македонија како организатор на истиот во нашата земја.
Во текот на учебната година се реализирани општински, регионални и државни натпревари по англиски јазик на кои учениците ги постигна следните резултати: На општински натпревар , прво место освои Тамара Костова од II-1, второ место Мила Ивановска II-1 и трето место Ана Марија Наумовска од II-5 клас. На регионалниот натпревар по англиски јазик првото место го освои ученичката Мила Ивановска од II-1, второ место Тамара Костова II-1 и Ана Марија Наумовска II-5 клас. На Државниот натпревар прво место освои Тамара Костова II-1. Модел Европрски Парламент (МЕП) освоено место во националниот тим за учество на МЕП во Малта.
На натпреварот по француски јазик за III година – Олимпијади 2019 учествуваше еден ученик. Општинскиот натпревар се одржа на 15.03.2019 година во просториите на гимназијата. Најдобра во категорија билингвални паралелки беше ученичката Теодора Кожуваровска од III 2 клас, под менторство на професорката по француски Елена Трпезановска Јоновска која освои прво место. Регионалниот натпревар се одржа на 30.03.2019 година во просториите на ООУ “Даме Груев” Битола. Ученичката Теодора Кожуваровска, освои II место. Во рамките на учебната 2018-19 година учениците од прва, втор и четврта година, заедоа учество на натпреварите по германски јазик организирани од страна на Здружението на наставници по германски јазик на ниво на држава и Гете институтот од Скопје.
Првиот регионален натпревар за учениците од втора година кој беше одржан на 16.02.2019 година, беше организиран во Прилеп во Гимназија „Мирче Ацев“, а на истиот зедоа учество учениците Миа Ристевска 2-1 клас, Андреа Настевска 2-2 клас, Христијан Делов 2-6 клас и Теодора Крстевска од 2-6 клас. На регионалниот натпревар ученичката Миа Ристевска го освои второто место, а ученикот Христијан Делов првото место. Двајцата ученици изборија учество за на Олимпијада во Скопје, такмичење на ниво на држава.
На олимпијадата одржана на 10.03.2019 година во ОУ Коле Неделковски, Скопје ученикот Христијан Делов го освои третото место и со тоа се здоби со државна стипендија за едномесечен курс во Република Германија, кој ќе се реализира во текот на месец јули.
Вториот регионален натпревар за учениците од прва и четврта година кој беше одржан на 06.04.2019 година беше организиран во Прилеп во Гимназија „Мирче Ацев“, а на истиот зедоа учество учениците Инес Трифуновска од 1-3 клас и ученичките од четврта година Јована Михаела Цингар, Валбона Ештрефи и Кристина Димовска од 4-5 клас и ученичката Марија Ќурчиевска од 4-4 клас. На регионалниот натпревар ученичката Кристина Димовска го освои третото место. Во текот на месец Ноември беше одржана обука на тема : Неделата против лажни вести. Во врска со ова одбележување беше организиран квиз со ученици од сите средни училишта во градот, каде нашето училиште го освои првото место.
Екипа на ученици од IV година, зеде учество на симулацијата на МЕП (модел на европски парламент) на англиски јазик во Скопје каде една ученичка обезбеди место во националната екипа за меѓународната симулација на Малта.
Во текот на месец мај, два тима од по пет ученици учествуваа на државен натпревар за Училишни компании во организација на Јуниор Ачивмент (ЈА) Македонија. Тимовите се претставија успешно со своите бизнис идеи кои беа презентирани преку креативен рекламен материјал изработен од страна на учениците под менторство на наставниците Мирјана Лозановска и Марија Г. Стојаноска.
Во месец декември одржан е меѓународен натпревар по латински јазик именуван како Elex Veshbulum , кој што се одржува истовремено низ скоро сите земји во Европа. На натпреварот учествуваа 8 ученици од кои 2 ученички прво и една ученичка второ место.
Од областа на спортот во текот на учебната година нашите ученици постигнаа забележителни резултати во повеќе спортски дисциплини и тоа:
На есенскиот традиционален крос во организација на Општина Битола и Центар за јавно здравје, нашите ученици се Апсолутни шампиони, прво место и во машката и во женската конкуренција.По повод 4 – ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола организирана беше Ноќна Трка каде нашите ученици се Апсолутни шампиони, прво место и во машка и во женска конкуренција. На Општинскиот натпревар во пинг-понг екипно машки и женски, женската екипа го освои првото место. Со учеството на општинскиот натпревар во футсал екипно машки и женски, освоено е второ место на женската екипа. На општинскиот натпревар во ракомет и кошарка, и машката и женската екипа ги освоија првите места и во двата спортови. Исто така машка и женска екипа од училиштето зеде учество на зонски натпревар во кошарка каде и двете екипи го освоија првото место. Во однос на одбојката и машката и женската екипа го освои првото место на општинскиот натпревар. Истите резултати се постигнати и во зонскиот натпревар по одбојка.