Постигнувања на учениците за 2017-2018
Учениците и нивните ментори во учебната 2017/18 , имаа плодна година и постигнаа забележителни резултати, голем број на освоени награди и места кои беа организирани на општинско, регионално, државно и меѓународно ниво:
Во месец септември во просториите на Машинскиот факултет во Скопје се одржа 4-та Иранска геометриска олимпијада, на која се натпреваруваа ученици од повеќе од 40 земји од целиот свет. Натпреварот се одржуваше во 3 категории, а во Македонија се одржува по втор пат. Учество зедоа Мила Ивановска, која освои сребрен медал. Во текот на месец Декември на Машинскиот факултет во Скопје се одржа 6-от Европски математички куп, на кој се натпреваруваа ученици од скоро 20 земји од Европа. Прекрасен настан на кој учество од нашата земја зедоа 51 натпреварувач во 2 категории. Учество зедоа 2 ученички Мила Ивановска од прва година и Катерина Паскова втора година во категорија Јуниори. Ученичката Мила Ивановска освои и бронзен медал.
Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел промовирање на информатиката и алгоритамското размислување на учениците од основно и средно образование
Натпреварот е одлична можност да се промовираат компјутерските науки кај учениците, со што ќе се придонесе за нивниот развој како и развојот на нашата држава.
Натпреварот “Дабар 2017” се одржа од 13-17 ноември 2017, а нашето училиште успешно учествуваше на истиот. Одговорни за спроведувањето на натпреварот беа професорките по информатичка технологија Таневска Весна (за учениците од I и II година) и Соклевска Мирјана (за учениците од III и IV година). На натпреварот учествуваа 114 машки и 132 женски ученици од сите четири години на образование. За сите учесници на натпреварот, менторите и училиштето се издадени уверенија за учество на натпреварот од страна на Здружението на информатичари на Република Македонија како организатор на истиот во нашата земја.
Двајца ученици од прва година , Ивановска Мила од I-1 клас и Сајков Леонид од I-5 клас, учествуваа на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (биологија, хемија и физика) одржана од 03.12 до 12.12. 2017 во Холандија. Ученичката Ивановска Мила освои бронзен медал, одговарајќи три дена на прашања и задачи, а еден ден бил посветен на екперименти. На олимпијадата учествувале тимови од околу 50 земји од цел свет, или околу 300 ученици, не постари од 16 години до крајот на календарската година.
На општинскиот натпревар по географија се освоени: 2 први, 1 второ и 2 трети места. На регионалниот натпревар се освоени: 1 прво, 1 второ и 2 трети места како и на државниот натпревар освоени се: 2 први и 1 второ место. На државниот натпревар во организација на Македонското географско друштво првото место го освои ученикот Марио Илиевски од II-1 клас, а второто место го освои ученичката Елена Здравковска од II-3 клас. На државниот натпревар организиран од Народна техника, втори места освоија учениците Владимир Аневски од II-3 клас во категорија применета географија и ученикот Теодор Јовановски од IV-2 клас во категоријата астрономија. Ментор на учениците беше професорот по географија Мите Ристов.
На општинскиот натпревар по биологија се освоени: 1 прво и 1 трето место, на регионалниот натпревар се освоени 1 прво и 1 трето место, а на државниот натпревар освоено е 1 второ место. На државниот натпревар по хемија освоени се три трети места.
На регионалниот натпревар по физика освоени се 1 прво и 2 трети места додека пак на државниот натпревар освоени се 1 прво и 2 трети места. На натпреварот Наука на млади истражувачи „НАРОДНА ТЕХНИКА“ учествуваа 5 ученици и освоија 2 втори места.
Во текот на месец Април активот по англиски јазик зеде учество на општинските и регионалните натпревари и се обезбеди учество на државниот натпревар. Постигнат е забележителен успех на учесниците на МЕП, одржан во Скопје.Месец мај се одржуваше државниот наптпревар по англиски јазик во Скопје и освоено е 2 ро место.
Во периодот од 25 до 30 септември, ученичката Ана Анастасова од IV (четврта) година, учествуваше на Меѓународен натпревар Олимпијади по француски јазик 2017 во Ерван, Ерменија и освои I прво место. Во периодот од 10- ти ноември до 2-ри декември, се одржа Натпреварот по спелување и правопис на француски јазик, на кој учествуваа две ученички од II година. На Регионалниот натпревар во Битола ученичките освоија I –во Теодора Кожуваровска и III-то место Илина Ѓоргиевска. Регионален натпревар е одржан на 13.04.2018 и учениците освоија I и III место во категоријата Класична гимназија.
Во месец октомври 2 тима од по 4 ученици учествуваа во државен натпревар за бизнис идеја ,,get in the ring,, Tимот од трета година се пласира во супер финале (во четирите најдобри тимови на ниво на држава).
Во текот на месец Номври, екипа од гимназијата учествуваше на Регионален натпревар, организиран од Противпожарниот сојуз на Македонија каде го освои третото место.
На регионален натпревар по социологија кој се одржа на 17-04.2018 година, ученичките Елена Стојчевска и Михаела Цингар се пласираа за Државниот натпревар на кој е освоено третото место.
Активот по спорт и спортски активности и оваа година освои голем број на медали и признанија со кои се гордееме.Учениците со нивните наставници учествуваа на општински, државни и регионални натпревари и ги постигнаа следните резултати:
На Ноќната трка организирана по пово 4 – ти Ноември, денот на градот Битола нашите ученици се Апсолутни шампиони, ПРВО МЕСТО и во машка и во женска конкуренција. Есенскиот крос кој беше организиран од Општина Битола, нашите ученици се Апсолутни шампиони, прво место односно општински прваци и во машка и во женска конкуренција. На Општинскиот натпревар по пинг-понг екипно женски освоено е првото место, додека на Државниот натпревар освоено е третото место. Исто така училишните екипи учествуваа на Општински натпревар во футсал екипно женски и го освоија второто место. На Општинскиот натпревар во ракомет машки освоено е второто место дедека пак женските го освоија првото место.На Општинскиот натпревар во кошарка екипно машки освоено е првото место, исто така и женските го освоија првото место и се пласираа за учество на Регионалниот зонски натпревар во кошарка, каде и машката и женската екипа го освоија првото место.На Општинскиот натпревар во одбојка машката екипа освои второ место а женската екипа го освои првото место.На Регионалниот зонски натпревар во одбојка освоено е прво место за женската екипа.На Општинскиот натпревар во фудбал екипно машки освоено е второто место додека женската екипа во фудбал го освои првото место. На Регионалниот зонкси натпрева во фудбал женски освоено е првото место.Учеството на Општинскиот натпревар во шах екипно машки ни го донесе третото место, додека пак женската екипа во шах го освои второто место.СОЈУЗ НА СПОРТОВИ НА ГРАД БИТОЛА и ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БИТОЛА доделија годишна награда за 2017 година на Гимназијата ,, Јосип Броз Тито ,, – Битола и стручниот актив и професорите по спорт и спортски активности за најуспешно средно училиште. Наставниците по спорт учествуваа и на најголемата спортска манифестација за ученици и училишен спорт од средните училишта во Р. Македонија за 2018 година. На Гимназијадата 2018 година која се организираше во Тетово освоени се следните места : Екипно одбоја женски второ место, екипно кошарка женски 4 место, екипно кошарка машки 5 место и екипно женски фудбал второ место. На Државното првенство во одбојка на песок женски, нашите ученици го освоија првото место.Гимназијата ,, Јосип Броз Тито ,,Битола е АПСОЛУТЕН ШАМПИОН во сите спортови ( училишен спорт ) во ОПШТИНА БИТОЛА. Најуспешно Средно училиште во Општина Битола за 2017 – 2018 година. Најдобар и најуспешен Професор во Општина Битола за 2017 – 2018 година.Гимназијата ,, Јосип Броз Тито ,, – Битола во изминатата 2017 / 2018 учебна година беше домаќин на 5 општински училишни спортски натпревари и 3 регионални училишни спортски натпревари во различни училишни спортови и категории.