Постигнувања на учениците за 2020-2021

И покрај пандемијата, учениците заедно со нивните ментори, учествуваа на натпревари кои беа организирани на општинско, регионално и државно ниво и истите постигнаа забележителни резултати. 

На Државниот натпревар по Географија, организиран од Македонското Географско Друштво, зедоа учество три ученици. Ученикот Давор Савевски од I-3 клас , освои прва награда како и ученичката Симјановска Зорица од II-3 клас освои втора награда.

На државниот натпревар по биологија учествуваа учениците: Јован Секуловски од III година со освоена I награда – ментор Весна Христовска, Андреј Станиновски од IV година со освоена III награда – ментор Весна Христовска. Учениците Јован Секуловски, Наталија Ѓорѓиевска, и Христина Костовска, сите од III година и Андреј Станиновски од IV година се пласираа за селекциони тестирања за светската олимпијада IBO 2021 Португалија.

На регионалниот натпревар по англиски јазик-ЕЛТАМ, ученичката Симона Чолакова го освои третото место,  учениците Ангела Јовановска, Филип Илиевски и Илија Митревски го освоија второто место а учениците Томе Јолевски и Кирил Стефановски го освоија првото место.

На 14.05 се одржа Државниот натпревар по француски јазик ( Olympiades 2021) , каде што ученикот Јован Секуловски од III -5 го освои првото место, ментор Јоланда Ѓорѓевиќ.