Државна матура

Државната матура во гимназиското образование освен тоа што е во функција на завршен дел на средното образование, има за цел да послужи и за селекција на кандидатите при влез во високото образование.

Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети.

Државната матура во гимназиското образование се состои од:

  • Задолжителен дел
  • Изборен дел
  • Проектна задача.
  1. Задолжителниот дел се состои од еден наставен предмет и тоа: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
  2. Изборниот дел се состои од три наставни предмети. Како прв изборен наставен предмет ученикот избира: математика или странски јазик. Останатите два изборни предмети ученикот ги избира од понудена листа на наставни предмети.
  3. Проектната задача е проучување на проблем кој ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области.

Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците и оценувањето за наставниот предмет од задолжителниот дел на државната матура се врши екстерно. Проверувањето и оценувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците за првиот и вториот изборен предмет се врши екстерно. Проверувањето на знаењата и способностите на учениците за третиот изборен предмет се врши интерно. Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците за изготвување и презентирање на проектната задача се врши интерно.

Критериуми за избор на наставни предмети за државна матура.

Изборен предмет може да биде наставен предмет кој исполнува еден од следните критериуми:

  • наставен предмет што се изучува најмалку две учебни години со најмалку два часа неделен фонд
  • наставен предмет што се изучува со најмалку 138 часа вкупен фонд

Критериуми за избор на проектна задача

  • Проектната задача се избира од наставните предмети и области за кои се определил ученикот.

Дополнителни информации за концептот на Државна матура можете да прочитате на следниот линк:
http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=O6dtQQpiV3o