Значајни награди и признанија низ годините

Награди и признанија на активот по македонски јазик и литература

На десеттиот, тринаесеттиот и четиринаесет и осумнаесеттиот Државен натпревар по македонски јазик и литература освоени се три први и едно трето, а на единаесеттиот и шеснаесетиот Државен натпревар „Ацо Караманов“ за есеи се освоени две први места. Во 1995 година на првото Државно првенство во дебатирање е освоено второ место.

Натпреварите по математика датираат од 1955 година, а по информатика од 1989 година, во продолжение се наведени само најистакнатите ученици со нивните резултати во последните дваесеттина години на државни натпревари, олимпијади и меѓународни олимпијади, бидејќи списокот со наградени ученици на регионални натпревари е многу голем.

Учебна 1996/1997 година и Учебна 1998/1999 година.

Натпревар„Црноризец Храбар‘‘учествуваа 90 ученици. Најуспешните, Глигуровска Катерина и Михајловски Гоце учествуваа на затворањето на турнирот во Софија, Р. Бугарија.

Учебна 1996 /1997 година и 1998/1999 година.

Натпревар „Турнир на градови‘‘ организиран од Руската академија на науките. Учествуваа 19 ученици, од кои Џарлиева Елена, Михајловски Гоце, Јакимов Владимир и Миленковски Божидар се пласираа во втор круг. Јакимов Владимир е победник на турнирот во 1997 год. и истовремено е и победник на меѓународниот 35 натпревар Кенгур со што добива наградно патување во Франција.

Во периодот од 1995 година до 2014 година на Регионалните натпревари по математика нашите ученици имаат освоено голем број награди и тоа: 34 ученици со прва награда, 62 со втора награда и 59 со трета награда.

Во периодот од 1995 година до 2014 година на Републичките натпревари по математика учествувале голем број ученици од Гимназијата и освоени се вкупно: 14 први награди, 26 втори награда и  31 трета награда. Со најголем број награди во тој период се учениците: Александар Момировски, Домазетовска Снежана, Владимир Јакимов, Зоран Ѓеогиевски, Борче Јошевски, Весна Прчкова, Павел Димовски, Стојановски Горан, Михајловски Михајло, Маџаровски Горан, Мојсовски Благојче, Буџевски Менде, Стојмирова Весна, Захариев Милан, Пападимитриу Ставрос, Недановски Иле, Поповска Бојана, Судијовски Никола, Орхан Сулјемани, Марина Каранфиловска, Христијан Кочанковски, Дамјан Маневски, Стефан Куновски, Благој Димовски, Бојан Попчановски, Христина Митревска, Татјана Петковска, Наталија Димовска, Татијана Манојловска, Елена Поповска и многу други.

 На Математичките олимпијади во Македонија и на Меѓународните математички олимпијади учествуваат најдобрите математичари од државата и добиени се следниве награди:

Математичка македонска олимпијада

  • 1996 година: Владимир Јакимов -бронзен медал
  • 1998 година: Владимир Јакимов -бронзен медал
  • 1999 година: Владимир Јакимов -бронзен медал
  • 2000 година: Михајловски Михајло и Ѓоргиевски Зоран – бронзени медали
  • 2003 година: Домазетовска Снежана -сребрен медал,
  • 2004 година: Поповска Бојана -бронзен медал.
  • 2006 година: Поповска Бојана – сребрен медал.
  • 2007 година: Поповска Бојана – сребрен медал.
  • 2009 година: Александар Момировски –бронзен медал
  • 2010 година: Александар Момировски –сребрен медал
  • 2011 година: Момировски Александар -сребрен медал
  • 2012 година: Александар Момировски – сребрен медал.
  • 2014 година: Татјана Петковска –бронзен медал, Христина Митровска -бронзен медал, Стефан Куновски -бронзен медал.
  • Меѓународни математички олимпијади
  • 1999 година : Балканијада по математика:Владимир Јакимов – бронзен медал.
  • 1999 година : Светска математичка олимпијада во Букурешт(Романија)
  • Владимир Јакимов – бронзен медал.
  • 2003 година: Домазетовска Снежана – учество на Светската Математичка олимпијада во Токио.
  • 2004 година: Поповска Бојана на Мала математичка олимпијада во Нови Сад.
  • 2010 година: Светска математичка олимпијада во Астана, Казахстан Александар Момировски.
  • 2012 година: Балканска математичка олимпијада во Анталија,Турција Александар Момировски.
  • 2012 година: Светска математичка олимпијада во Мар дел Плата, Аргентина Александар Момировски.

Во периодот од 1997 година и наваму на Меѓународниот натпревар Кенгур од нашето училиште учествувале многу голем број ученици и освоени се многу награди и пофалници.

Државни натпревари по информатика организирани од Здружението на информатичари.

  • 1996 година: Трајчевски Никола – трето место
  • 1997 година: Јакимов Владимир – второ место
  • 1999 година: Трајчевски Никола – прво место
  • 1999 година: Јакимов Владимир – прво место
  • 2001 година: Михајловски Николче – трето место
  • 2002 година: Михајловски Николче – прво место
  • 2002 година: Колевски Горан – трето место
  • 2004 година: Трајковски Игор – трето место
  • 2007 година: Наумовски Јован – второ место
  • 2007 година: Трајковски Владимир – второ место
  • 2011 година: Петковски Мартин – трето место
  • 2012 година: Марковски Дарио – второ место
  • 2012 година: Петковски Мартин – трето место
  • 2013 година: Поповски Горјан – второ место
  • 2013 година: Марковски Дарио – трето место
  • 2013 година: Куновски Стефан – трето место
  • 2014 година: Поповски Горјан – второ место

Македонска олимпијада по информатика

  • 1997 година: Јакимов Владимир – бронзен медал
  • 1999 година: Трајчевски Никола – сребрен медал
  • 1999 година: Јакимов Владимир – бронзен медал
  • 2001 година: Михајловски Николче – бронзен медал
  • 2002 година: Михајловски Николче – златен медал
  • 2002 година: Колевски Горан – бронзен медал
  • 2014 година: Поповски Горјан – бронзен медал
  • 2013 година: Поповски Горјан – признание за учество

Интернационална Олимпијада по информатика.

  • 1999 година: Јакимов Владимир – IOI во Турција .
  • 2002 година: Михајловски Николче – IOI во Јужна Кореа.
  • Државни натпревари по информатика организирани од Народна техника и Сојузот на млади истражувачи – Наука на млади.
  • 1997 година: Трајчевски Никола – трето место
  • 1998 година: Трајчевски Никола – прво место
  • 2000 година: Михајловски Николче – прво место
  • 2000 година: Адамовски Павле – трето место
  • 2001 година: Михајловски Николче – второ место
  • 2001 година: Чачевски Стефан – второ место
  • 2001 година: Колевски Горан – трето место
  • 2002 година: Мојсовски Благојче – трета награда
  • 2002 година: Колевски Горан – трета награда
  • 2004 година: Аврамовска Маја – прво место

Награди и признанија на активот по странски јазици.

Во учебната 2012/13 година ученичката Ана Силјановска го освои 2-то место на Републичкиот натпревар по англиски јазик за средните учлишта.

Во 2015 година, ученикот Бојан Попчановски го освои првото место на државниот натпревар “Олимпијади по француски јазик”.

Републички натпревари по латински и старогрчки јазик

Учебна година 2007/2008

  • Прво место – Јовица Гроздановски.

Учебна година 2008/2009

  • Прво место – Тереза Кочовска.
  • Второ место – Ана Симоновска.

Учебна година 2011/2012

  • Прво место – Ана Младеновска.
  • Прво место – Димитар Кондински.

Учебна година 2012/2013

  • Трето место – Анастасија Калпаковска.
  • Трето место – Марија Коштревска.

Учебна година 2013/2014

  • ELEX Vestibulum – Euroclassica Европски натпревар по латински јазик
  • Златна плакета – Евгенија Калпаковска
  • Сребрена плакета – Анастасија Калпаковска
  • Сребрена плакета – Ана Грујовска
  • Сребрена плакета – Ана Младеновска
  • Сребрена плакета – Игор Кутлешовски
  • Бронзена плакета – Љубица Стојановска
  • Бронзена плакета – Елена Ристевска
  • Бронзена плакета – Андреа Гагачева

Учебна година 2014/2015

  • ELEX Vestibulum – Euroclassica Европски натпревар по латински јазик
  • Златна плакета – Игор Кутлешовски
  • Сребрена плакета –Ивона Мојановска
  • Сребрена плакета – Наталија Димовска
  • Сребрена плакета – Љубица Стојановска
  • Сребрена плакета – Ана Грујовска
  • Сребрена плакета – Теодора Вржовска
  • Сребрена плакета – Магдалена Стаматовска
  • Сребрена плакета – Стефанија Стојковска

Награди и признанија на активот по природни науки.

Во изминатите 75 години од работата на гимназијата, голем број ученици учествувале на различни натпревари од областа на природните науки. Во последниве дваесетина години редовно се учествува на сите општински, регионални и државни натпревари, каде редовно се заземаат највисоките места. Со гордост истакнуваме дека десетици наши ученици во последниве две децении освојуваат едно од првите три места на републичките натпревари. Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје во последните три години организира натпревари од областа на нанотехнологијата при што нашето училиште е редовен учесник со забележителни пласмани и резултати.

Години наназад, а особено од учебна 1994/95 година, професорите од активот по географија, редовно подготвуваат ученици кои учествуваат на натпревари по географија кои се организирани од страна на Македонско географско друштво и од страна на Народна техника на Република Македонија.

Од 1995 година до 2013 година, учениците од Гимназијата вкупно имаат освоено 22 водечки места,

од кои 11 први, 5 втори и 6 трети места во областите: географија (10 водечки места), астрономија (10), екологија (1) и климатологија со применета метеорологија (1).

Награди и признанија на активот по општествени науки

Во рамките на МАССУМ Образовното рандеву, во категоријата најдобро Онлајн кариерно портфолио ученикот Стефан Ѕалев во 2014 година го освои второто место. Ученичката Андреа Мирчевска во 2012 година го освои третото место. Во учебната 2012/13 година ученикот Гоцевски Михаил освои второ место на државен натпревар по историја.

Во изминатите години учениците редовно учествуваат на државните натпревари по социологија и квиз натпреварите како дел од проектот ,,Знаејќи за Европа и ЕУ знаеме повеќе за нас,, каде учениците имаат освоено награди. Исто така учениците имаат освоено бројни награди и на државните натпревари по социологија:

2003 година Тања Мицалевска I место.

2005 година Елена Јовчевска II место.

2007 година Александра Андоновска I место.

2010 година Изабела Јовановска II место.

2012 годina Марија Менчевска, Викторија Петровска, Стефан Стојанов III

место.

Награди и признанија на активот по музичка и ликовна уметност.

Се учествува и на ликовни конкурси: локални, државни и меѓународни, од кои

забележителен успех постигнаа:

2003 година-Фотографии на меѓународен конкурс – Мартина Марковска.

2005 година-Фотографии на меѓународен конкурс Кристина Погачник.

 Награди и признанија на активот по спорт и спортски активности.

 Во 1945 година, во гимназијата се формира фискултурен актив ,,Младост,, кој во 1954 година прерасна во Спортско друштво ,,Гимназијалец,,. Спортското друштво,,Гимназијалец,, даде врвни спортисти, олимпијци, репрезенативци, играчи во големи европски клубови. Слободно може да се констатира дека нашите ученици беа, се и ќе бидат секогаш меѓу најдобрите спортисти во нашата држава и пошироко.

Во учебната 1997/1998 година, гимназијата добива на располагање спортска сала, импозантен, реномиран, новоизграден, современ објект, сала за изведување на наставата и часовите по физика култура и воннаставните спортски активности на учениците.

Во 2002 година Спортското друштво ,,Гимназијалец,, прераснува во Здружение на граѓани при СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, – Битола кое го носи името ,,Гимназијалец ЈБТ,, според новите закони и законски измени донесени од страна на Владата на Р. Македонија и Министерството за образование и наука.

Во 2009 година ,,Гимназијалец ЈБТ,, станува Училишен спортски клуб, активен член на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, активен член на сите Национални спортски федерации, професионална и високо стручна организација, врвен спортски клуб како и секој друг спортски клуб во државата, поставен и формиран за да се грижи за развој, масовност, квантитет и квалитет на училишниот спорт во Р.Македонија.

Во учебната 2011/2012 година, согласно определбата на Владата на Р. Македонија заедно со Во изминатите 20 години, Стручниот актив по спорт и спортски активности и Училишниот спортски клуб ,,Гимназијалец ЈБТ,, е постојан организатор и домаќин на голем број Државни првенства, Државни манифестации, Гимназијади, Мали олимписки игри, Регионални првенства, Зонски турнири, Општински натпревари во куп систем и лига систем, во скоро сите спортови како за средни така за основни училишта во Р.Македонија. Доделени се бројни награди на државно ниво како што се : награди во скијање, стрелаштво, шах, атлетика, крос трчање, штафетно трчање, боречки спортови, исто така училиштето е државен вицешампион во ракомет, кошарка, пинг-понг, а повеќе пати е прогласено за најдобро училиште и училишен спортски клуб на град Битола.

На 26. 12. 2014 година, Владата на Република Македонија и Премиерот, го прогласува Средното општинско училиште Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, – Битола, за најдобро и најуспешно средно училиште во Р. Македонија за постигнати успеси и врни резултати во училишниот спорт. Ова е најголема и највисока Државна награда доделена на Гимназијата во рамките на спортот и физичката култура од своето постоење. Сето ова укажува за максимална активност, врвно и успешно функционирање на повеќедеценискиот целокупен спортски живот на генерации ученици во нашата Гимназија.

Угледот и успесите на Гимназијата се потврдени со бројни награди, признанија и одликувања, меѓу кои ќе ги набележиме следниве: Орден заслуга за народ со златна ѕвезда во 1976 година во поранешна СФРЈ, наградата „Климент Охридски“ во 1976 година, за посебни остварувања во воспитно-образовната дејност од посебно значење во СР Македонија. Во 1975 г. Гимназијата е носител на највисоката општинска награда „4-ти ноември“ по повод 30 години настава на македонски јазик (1945 – 1975) и многу други пехари и медали кои ги красат витрините на оваа средношколска установа во Битола и пошироко. Наградата „4-ти Ноември“ гимназијата повторно ја добива и во 2013 година, со што го потврдува континуитетот во развојот и издигнувањето на наставно-образовниот процес во градот Битола и во република Македонија.

Галерија