Изложба - 100 години од Македонскиот фронт

Успехот изложбата „100 години од Македонскиот фронт“, изработена од Асоцијацијата на наставници по историја на Република Македонија – АНИМ, го потврди со интересот на Амбасадата на Република Франција, оваа изложба да ја преведи на француски јазик и да ја презентира пред француската јавност.

Голема поддршка на оваа идеја беше и поканата на градоначалникот на градот Епинал од областа Лорен, збратимен град на Битола, изложбата да биде поставена во зградата на Општината во Епинал, а подоцна да биде пренесена во Музејот на Епинал.

Посебен допринос за успехот на изложбата дадоа и тринаесeт ученици од нашата гимназија, кои на одличен француски јазик, ги презентираа панелите и содржината на изложбата пред пошироката јавност во градот Епинал. Тие престојуваа во Епинал, по лична покана од градоначалникот на Епинал, а беа дел од официјалната делегација на Битола, за време на „Фестивалот на светлината“ кој се одржа во Епинал во септември 2019 година.

Ваквата ангажираност на учениците ја поттикнува нивната желба за учење и усовршување на францускиот јазик, ја зголемува нивната самодоверба и нивните можности за самостоен настап и презентирање. Учениците беа придружувани од директорката на гимназијата, Фанија Наумовска и професорот по историја Иљо Трајковски.