Кариерен центар
Во текот на 2011 година, во рамките на проектот „Подготовка за вработување“, поддржан од УСАИД, комплетно се реновира и опреми со мебел и опрема (LCD телевизор, компјутер, печатач, камера), една просторија, наменета за Центар за кариера. Всушност, тоа беше првиот Центар за кариера, кој беше отворен во средните училишта во рамките на овој проект.
Целта на Центарот за кариера е да се поврзат средношколците, високообразовните институции и претпријатијата, односно да се истисне просторот меѓу институциите каде знаењето се создава и пренесува и онаму каде се надградува и применува, што треба да придонесе за подобрување на протокот на информации и на тој начин полесно промовирање и развој на човечки ресурси по завршување на нивното средно образование.
Преку Центарот за кариера им се помага на учениците да развијат свест за сопствениот талент и способности, да изградат сопствени ставови и вредности, и ги охрабрува учениците во процесот на нивната професионална ориентација и во градењето развој за сопствената кариера.