Младински актив

Гимназијата секогаш ги почитувала мислењата и правата на младите, применува демократски пристап и учество на учениците во училиштето. Учениците не се вклучени само во наставно-воспитниот процес. Тие се креатори и активни учесници во сите воннаставни активности, реализатори на голем број настани, кампањи, хуманитарни акции како и соработки со различни  институции.

Многу години наназад, уште од постоењето на гимназијата, успешно работи Младинскиот актив, кој како ученичко тело дава свој придонес во голем број на активности. Младинскиот актив го сочинуваат:

  • Собрание на Младински актив – сите претседатели и заменици на класови-24 претседатели и 24 заменици, вкупно 48 ученици.
  • Совет на Младински актив- извршно тело кое го сочинуваат по двајца избрани претставници од секоја генерација- 8 членови на совет;
  • Претседател и заменик на Младинскиот актив;
  • Записничари-4 ученици;

Правилник за младински актив

Процедура за избор на класна заедница

Формулар за пријавување за избор на претседател на клас

Младинскиот актив, еднаш седмично одржува состаноци и работи на своја програма и акционен план. Во своето делување, Младинскиот актив рализира најразлични теми кои се значајни за учениците како: толеранција, дискриминација, почитување на човековите права, демократија, справување со насилство, одбележување на значајни денови, борба против говор на омраза, спроведување на хуманитарни активности за социјално загрозени семејства, организирање на дебати и сл. Младинскиот актив исто така соработува со ООЦК Битола, American Corner Bitola, СВР Битола, невладини организации и други институции со  кои реализиара различни активности и проекти. Во активностите на младинскиот актив, учествуваат и децата правобранители.

Формирање на Младинскиот актив. Со самиот почеток на наставната година, класните раководители добиваат правилници за избор на класна заедница како и формулари за кандидатите.

Во  класната заедница се избира претседател и заменик претседател, (секретар, благајник, еко координатор, црвен крст координатор). Изборот се врши до крајот на месец септември. По спроведените демократски избори, класниот раководител доставува извештај кај стручната служба за текот на изборите,, кој е избран за претседател, заменик, секретар, благајник, еко-координатор, црвен крст координатор). По извршените избори во сите години на образование, во месец октомври се формира Младинскиот актив кој изработува свој акционен план.

По формирањето, традиционално се избира и претседател на Младинскиот актив од редовите на координаторите на класови. Кандидатите за претседател, изготвуваат мотивационо писмо со идеи и активности, кое го презентираат пред собранието а потоа, на демократски начин следи гласање. На изборот за претседател/заменик, за учебната 2020/21 беа пријавени три кандидати, кои се претставија пред останатите претседатели и подпретседатели на класови.

 За претседател на Младинскиот актив со најмногу гласови за учебната 2020/21 година е избран Стефан Васиќ од IV- 5, за потпретседател Надица Колоска од IV-6.  На наредните состаноци беа дефинирани активностите за оваа година. Исто така беше изработен и акционен план по месеци и теми за работа. Мандатот на членовите на Младинскиот актив е една учебна година.

Поради пандемијата, работата на Младинскиот актив оваа година започна во месец ноември. Првиот состанок, како и сите понатамошни состаноци и активности, се одржуваат на апликацијата Microsoft Teams.

Секоја година, Младинскиот актив има плодна и успешна работа, со амбициозни ученици претседатели, коишто внесуваат нови покреативни идеи. Членовите на Младинскиот актив, на своите состаноци секогаш имаат сериозен пристап во предвидените активности, покажуваат голема самопочит и почит кон останатите, дисциплина и ред во своите презентации, како и почит кон мисијата и визијата на училиштето. За успешноста во реализацијата на предвидените активноси и ангажманот на претседателите/замениците на Младинскиот актив, училиштето им доделува благодарници за нивниот придонес.

Мартин Кочишки III-4
E-mail:  kociskimartin@gmail.com

Заменик претседател: Сандра Корлевска III-4
E-mail:  kk.sandrakorlevska@gmail.com

Галерија

Видео