НУ завод и музеј Битола

Во периодот 2017 – 2019 година, во соработка со НУ Завод и музеј – Битола, Гимназијата реализираше два проекти „Везиме народен вез, пееме народен збор, цртаме и твориме во народен дух“ и проектот „Моја инспирација – традиција, современост“.

     Проектот „Везиме народен вез, пееме народен збор, цртаме и твориме во народен дух“ имаше цел да ги претстават традиционалните костими кои биле во употреба до средината на 20 век во Битола и Битолскиот регион. Во рамките на проектот се реализираа пет работилници за везење, цртање, фотографија , музика и драматизација. Во проектот учествуваа 60 ученици, директорите на гимназијата и музејот, стручните соработници, професори, стручниот раководител од музејот, технички соработници, друштвото на ракотворци.

Во рамките на вториот проект  „Моја инспирација – традиција, современост“ се оформија шест работилници: за везење, цртање, фотографија, музика, драматизација и фолклор. Во работата на работилниците се пријавија 60 ученици, за кои активностите беа воннаставни, слободни активности.

Галерија