Педагошко-Психолошка служба

Педагошко-психолошката служба со својата дејност допринесува за подобрување, унапредување и одржување на позитивна клима во воспитно образовниот процес во училиштето. Составена е од психолог, педагог и социолог, кои секоја од свој аспект се ангажира во училиштето и работи по свој план и програма.

Работата на стручната служба е секогаш динамична, исполнета со воннаставни активности, интензивна соработка со наставниците, учениците, родителите како и локалната заедница.

Стручните соработници работат и делуваат во седум подрачја:

  1. Работа со ученици;
  2. Работа со наставници;
  3. Работа со родители;
  4. Соработка со локалната заедница
  5. Професионален развој и соработка;
  6. Аналитичко-истражувачка работа;
  7. Училишна клима, структура и организација.

 Стручните соработници секојдневно се посветени и работат во интерес на учениците, наставниците и советувања на родители на деца кои имаат потешкотии со адаптацијата, емотивни проблеми, изостанувања од наставата, како и родители на ученици кои покажуваат слаб успех и несоодветно однесување. По секои класни совети се работи индивидуално и групно советување со родители и ученици, согласно насоките и правилниците од МОН. Педагогот и психолот се одговорни за реализација на воннаставните активности во училиштето.

Области на делување на педагошко-психолошата служба:

  • следење на изрекувањето педагошки мерки за учениците, записници и мислење,
  • помош и поддршка во изготвување на годишните и тематските програми за работа на наставниците ,
  • спроведување и интерпретирање на анкети за ученици и наставници;
  • соработка со институции ;
  • менторирање и соработка со студенти од педагошкиот факултет;
  • консултативни средби со наставниците во врска со употреба на современи приоди во наставата (форми, методи и техники) со цел унапредување на наставниот процес,
  • педагошко инструктивна и советодавна работа со наставниците во разрешувањето на проблемите на релација ученик – ученик, ученик-наставник- родител и сл,
  • советодавна работа со наставниците за вклучување на надарените ученици во додатна настава и воннаставни ученички активности ,
  • реализирање на активности и предавања за превенција од насилство ;
  • здравствено воспитување на учениците ;
  • градење на позитивни вредности кај учениците;
  • учество во работата на стручните активи,
  • посета на часови на МС Тимс со цел евалуација од набљудување на часовите и увид во дневните подготовки со пополнување на изготвените инструменти ,
  • поддршка, следење и унапредување на работата на Младинскиот актив и детето правобранител, тимот за превенција од насилство, Еко-одборот, тимот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО),
  • проверка на педагошка документација, главни книги, дневници,
  • учество во проекти;
  • помош при изработка на личниот план за професионален развој на наставниците.
  • професионална ориентација и насочување на учениците преку батерија инструменти – БИПО.
  • социјална поддршка на ученици преку програмата „ Образовен додаток“.

Психолог

Елена Кузмановска

e.kuzmanovska15@outlook.com

Социолог

Даница Таневска

d_tanevska@yahoo.com

Педагог

Биљана Исковска

iskovskabiljana32@gmail.com