Професионална ориентација и насочување на учениците
Изборот на идна професија е една од неколкуте важни одлуки во животот на еден човек. Професионална ориентација и насочување на учениците, интензивно се реализира преку батеријата инструменти за професионална ориентација-БИПО. Интересот за професионална ориентација на учениците е сегогаш голем.
БИПО е батерија од тестови, наменети за професионална ориентација на учениците над 16 годишна возраст и ги содржи следните подрачја:
1. Прашалник за професионални интересирања-ППИ
ППИ се состои од 128 искази формулирани во вид на тврдења и тоа по 8 за секој од 16-те вклучени кластери на професионални интереси.
- Земјоделие, сточарство и екологија
- Јазик, култура, медиуми
- Административни дејности
- Политика и раководење
- Здравство и нега на тело
- Информатичка технологија
- Мануфактура и произвотство
- Наука и истражување
- Архитектура, градежништво, техника и технологија
- Претприемништво и економија
- Образование и обука
- Социјални услуги
- Туризам и угостителство
- Право и безбедност
- Маркетинг и продажба
- Транспорт и сообраќај
2. Прашалник за работни вредности –ПРВ
ПРВ содржи 6 кластери од по 3 искази- по 1 кластер за секоја од следните работни вредности:
- А-Постигање
- В-Автономија
- С-Статус
- D-Помагање
- E-Сигурност
- F-Работни услови
3.Тип-индикатор тест на личност-ТИТ
ТИТ се состои од 9 скали што идентификуваат 9 различни типови на личност:
- Тип А-Помирлив
- Тип В-Приврзан
- Тип С- Мотиватор
- Тип-D-Реформатор
- Тип Е-Артистичен
- Тип F-Помагач
- Тип G-Лидер
- Тип Н-Мислител
- Тип I-Ентузијаст
Тестот се реализира доколку учениците имаат добиено корисничко име и лозинка од страна на лицата кои се одговорни за работа со професионалната ориентација и кариерно насочување на учениците (кариерен советник и психолог). Тестот го пополнува секој ученик самостојно на интернет, преку програма наменета за тестирање за професионална ориентација. По пополнувањето, резултатите автоматски се пресметуваат и се интерпретираат и соопштуваат на учениците.
При индивидуалното соопштување на резултатите, учениците се насочуваат за тоа кои занимања би им одговарале според професионалните интереси и вредности на личноста, но крајната одлука ученикот секогаш ја носи сам. Изборот на идното образование и кариера, само и едниствено е одговорност и желба на самиот ученик.
Закажување за тестирање кај кариерен советник Фанија Наумовска – fani.naumovska@gmail.com
На заинтересираните ученици им се креира корисничко име и лозинка со кое можат да присатапат кон тестот.
Одговорни лица за кариерно насочување и професионална ориентација:
- Фанија Наумовска – fani.naumovska@gmail.com
- Лидија Споа – lidijaspoa@hotmail.com