Училишна библиотека

Училишната библиотека е составен дел на целокупната воспитно – образовна дејност во едно училиште. Преку неа се остварува контакт меѓу наставата, наставниците и учениците.

Библиотеката во нашето училиште располага со вкупен книжен фонд од 20.172 книги од кои 9664 наслови. Дел од нив се состои и од  стручна литература за наставници.

     Книжевен фонд на библиотеката според јазик на издавање:

  • Македонски јазик : 16.934 книги
  • Англиски јазик : 172 книги
  • Германски јазик : 138 книги
  • Француски јазик . 418 книги
  • Руски јазик : 126 книги
  • Српски јазик : 748 книги
  • Хрватски јазик : 507 книги
  • Словенечки јазик : 45 книги
  • Албански јазик : 17 книги
  • Турски јазик : 8 книги
  • Грчки јазик : 2 книги
  • Бугарски јазик : 451 книги

Сите тие се библиотечно обработени, средени и наменети за задоволување на потребите како за учениците така и за наставниците и вработените во нашето училиште. Библиотеката секоја година изработува распоред за нејзино работење со кој настојува да се приближи до учениците, односно да стане подостапна до читателската публика. Работата на библиотеката се состои од издавање и примање на книги, водење на библиотечна книга, список на членови и друго.

Работно време на библиотеката : 07ч – 20 ч од понеделник до петок

Библиотекар:
Зоран Ѓуровиќ – gjuro64@hotmail.com
Биљана Талевска Димко Стефановска – dimkobiljana@gmail.com
Љупчо Мојсовски – mojsovskiljupco@gmail.com