Хепер центар
Со цел нашите ученици да бидат иницијална каписла за пристап на информации од областа на здравствената заштита до своите соученици и другари, да бидат носители на нови вредности и димензии Соработката на нашето училиште со „Хепар центар – Битола“ се состои во едукација и информирање на нашите ученици во областа на трансмисија и пренесување на заразните вируси, посебно хепатитот, како и промовирање на решенија и пристапи за третман на пациенти кои страдаат од хепатитис и други преносливи инфективни вируси. Исто така заедничките активности се насочени кон промовирање на нови решенија и пристапи за третман на пациенти кои имаат ретки болести , заштита на нивните права, борба со дискриминација, маргинализација и стигматизација, како и подигнување на јавната свест за ретките болести.
Активностите кои се реализираат се предавања, работилници ,учество на јавни настани.