Црвен крст
Раководејќи се од потребите на младите луѓе за разни облици на неформално едуцирање, со цел промоција и унапредување на здравјето, ублажување на социјалните проблеми преку хуманитарни акции, дејствување при итни состојби од хуманитарен аспект, зачувување на достоинствата и различностите, обуки за заштита и самозаштита, стекнување со вештини од областа на првата помош,повикување на култура на дијалог за взаемно разбирање, толеранција и хуман однос без дискриминација, нашето училиште активно соработува со Општински Црвен крст – Битола.
Нашите ученици учествуваат во регионални и општински натпревари по прва помош организирани од страна на Црвен крст, но и во други активности како што се промоција на хумани вредности, иницијативи за хуманитарна поддршка на поединец или целна група, промовирање на хумани вредности, крводарителски акции и волонтирање во клубот на млади волонтери во Црвен крст.