За Патроните

ДЕЛЧЕВ Гоце (1872 Кукуш-1903 4 мај, Баница) – организатор, водач и апостол на македонското национално ослободително движење во борбата против турското владеење врвна македонска личност во таа борба од крајот на XIX и почетокот на XX век, учител, војвода, најзначаен раково¬дител на ВМРО, главен инспектор на четите на организацијата и на револу¬ционерните окрузи. Роден 1872 во Кукуш (Егејскиот дел на Македо¬нија), гимназија завршил во Солун. Во 1891 го завршил Военото учили¬ште во Софија, Во 1894 г. бил учител во Штип, Ново Село заедно со Даме Груев, а подоцна и во Банско и Разлошко. Се вклучил во редовите на ТМОРО набрзо по нејзиното осно¬вање. Во 1896 на Солунскиот конгрес заедно со Ѓ Петров ги подготвиле актите на Организацијата, а тој бил избран за член на ЦК на ТМОРО и задграничен претставник на Органи¬зацијата. По Конг¬ресот, ги посетил Кочанско, Штипско, Радовишко, Струмичко, Серско, Горно¬џумајско, Одринско и  други места. На сите места каде што стигнал тој  формирал комитети, за организириање на востанието. На 4 мај 1903 г. загинал во заседа, кај с. Баница, Серско. Бил омилена (харизматична) личност кај македонскиот народ и сметан за „нивни (народен) закрилник”.

БРОЗ Јосип Тито (1892, Кумровец, 1980 г. Љубљана), творец на нова Југославија по Втората светска војна и нејзин долгогодишен раководител. Од 1941 г. ја организирал и раководел  антифашис¬тичката војна на југословенските народи 1941- 1945 год. Бил учесник во октомври-ската рево¬луција во Русија. Во 1920 год. станува член на КПЈ. Како организатор и раководител на НО и на антифашис¬тичката војна во Југославија од првите денови на 1941 г. минал низ неколку борби на југословенското боиште. На 4 јули 1941 г започна НОБ под водство и  командување на Тито на сите парти¬занските еди¬ници во Југославија кои потоа прерасну¬ваат во НОВ. Во 1943 г. го раководел Второто заседание на АВНОЈ. кога бил избран за претседател на НКОЈ и бил прогласен за маршал на Југославија. По победата на фашизмот од 1945 г. до неговата смрт 1980 г. бил на чело на државата СФРЈ и ги заземал функциите: претседател на влада, претседател на држава, генерален секетар на КПЈ. Тито секогаш имал позитивен однос кон маке¬донската нација; се заложил Македонија да се консти¬туира како држава во сос¬тавот на ФНРЈ на Второто заседание на АВНОЈ. Повеќепати ја посетил Македо¬нија и ја потенцирал македонската трудољубивост, чесност, култура, фол¬клор, и др. национални вредности.