Одбележување на патрониот празник на училиштето

Патрониот празник на СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола се одбележа на Античкиот театар во Хераклеја, со пригодна програма во која премиерно беше изведена театарската претстава, античката трагедија „Прикованиот Прометеј”, подготвена од учениците на IV-5 под менторство на професорката по латински јазик Софија Бејковска и помош на актерот Никола Стефанов, како и проекција на краткометражниот филм „Очите на Сизиф” кој го снимија учениците од IV-6, исто така, под менторство на професорката Софија Бејковска.

Театарска претстава „Прикованиот Прометеј"

Улогите ги толкуваа: Прометеј – Љубен Најдовски и Стефан Васиќ, Власта – Викторија Јовановска, Хефајст – Леонид Сајков, Океан – Ивана Стојановска, Ијо – Ана Марија Наумовска, Хермес – Леонид Сајков, Хорот – Вероника Павловска, Јована Николовска, Марија Марковска, Викторија Јовановска, Ивана Стојановска и Ана Марија Наумовска.

Музичка поддршка: Георги Симјановски

Фотографија: Елена Христовска

Борбата на Прометеј и натаму продолжува!

Краткометражен филм „Очите на Сизиф“

Краткометражен филм „Очите на Сизиф” претставува приказ на античкиот мит за Сизиф низ очите на младите луѓе. Во филмот се претставени нивната интерпретација на апсурдноста и убавината на животот. Режисер, актер и задолжен за монтажа и снимање беше Филип Илиевски, сценариото го напишаа Надица Колоска, Сара Стојановска и Илина Великичевска.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *