Патот кон помирувањето
Во периодот од 13.06.2019 до 23.06.2019 год. ученици од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ од Битола и СОЕУ „Јане Сандански” од Битола , придружувани од професорите Гергана Гелевска Јовановска и Никола Трајковски беа во посета на Израел.
Посетата беше организирана како дел од предвидените активности во рамките на Проектот „Патот кон помирувањето“ во кој освен нашето училиште партнери се и Младинската организација од Кохав Јаир од Израел и Протестанската црква од Штауфенберг, Германија. Учениците беа сместени во градот Кохав Јаир, односно во просториите на Младинската организација.
Со цел да се запознаат подобро сите учесници, домаќините организираа еднодневна екскурзија до Нахал Хакиббутзим, во непосредна близина на Тел Авив.
Во текот на посетата со локален водич беше посетен Музејот во Атлет, место каде Евреите при нивното доаѓање во ветената земја после Втората светска војна, биле задржувани додека не име се најдело соодветно место за живеење во државата. Учениците го посетија и местото Далит –Ал-Кармел и Друзи заедницата во кое живеат Евреи со посебна религија и правила на живеење, различни од останатите делови на државата. Во местото, дел од населението се муслимани и со цел да се запознат гостите со нивната традиционална храна, ручекот беше организиран во арапски ресторан.
Следните денови групата престојуваш во Ерусалим на дводневен семинар. Со организирани водичи и предавачи беше посетен Музејот на холокаустот каде потресните приказни на Евреите кои го прежувуваа Холокаустот никого не оставија рамнодушен. Исто така групата беше примена на средба во Министерството за надворешни работи од страна на Израелскиот амбасадор Дан Ориан во Македонија и Македонскиот амбасадор во Израел Александар Аврамовски
За време на посетата во Ерусалим, учениците низ градот се сретнаа со лица кои живеат во Ерусалим, а се со потекло од Битола и низ непосредна комуникација со нив се запознаа со неколку судбини на своите сограѓани. Исто така беше посетен и Ѕидот на плачот и подземните тунели под него, посетен беше Јад Вашем, Тел Авив, пазарот во Ерусалим и сл.