09.11.2014 - 13.11.2014

Во ноември 2014 година се случи и третата размена на ученици помеѓу гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола и средното стручно училиште „Жан Мероз“ од градот Вир, Нормандија, Република Франција.

            Поводот за оваа размена беше одбележувањето сто годишнината од почетокот на Првата светска војна, а по тој повод и поставување на споменик на Француските воени гробишта во Битола, изработен од учениците од средното стручно училиште „Жан Мероз“, во чест на војникот Жан-Мари Валентин, кој оставил голем број на цртежи од Македонија и од Битола, а тие се и дел од заеднишката историја и сеќавање на настаните од Првата светска војна.

            Учениците од нашето училиште, заедно со нивните врсници од Франција, на покана од француската и германската амбасада во република македонија, беа дел од државната прослава на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

            При оваа посета, покрај професорите Ерик Алар, Пјер Бенаби и Емануел Луплуме, гостин на нашето училиште бече и директорот на средното стручно училиште „Жан Мероз“, господинот Алан Конје, кој зборуваше многу позитивно за оваа размена и за соработката меѓу учениците од двете училишта.