Постигнувања на учениците

Гимназијата отсекогаш била синоним за високи постигнувања, награди, признанија, медали и пехари, кои учениците ги добиваат за нивниот вложен труд. Тие, заедно со нивните ментори се секогаш мотивирани и даваат се од себе во подготовките и реализацијата на натпреварите. Тоа го потврдуваат нивните забележителни резултати, постигнати на општинските, регионалните, државните како и меѓународните натпревари, кои низ годините се се во поголем број.